28.09.2012, 14:10 Мрежата на „Т-мобиле“ со поголем капацитет за разговори и СМС
Од идната недела капацитетот на мрежата на „Т-мобиле“ за разговори и СМС- пораки ќе се зголеми до четири пати, а сите корисници ќе бидат префрлени на нови сервери „МСЦ блејд кластер“. Овој проект е чекор понапред до целосна модернизација на мрежата и е во рамки со модернизацијата на фиксната мрежа, проект со кој до крајот на 2013 година сите фиксни корисници треба да мигрираат на услуги целосно базирани на интернет, информираат од компанијата. По завршувањето на овој проект, корисниците на „Т-мобиле“ и „Т-хоум“ ќе имаат пристап до конвергирани услуги на мобилна и фиксна телефонија и интернет од најновата технологија.
Со миграцијата на новите сервери „Т-мобиле“ ќе биде еден од малкуте оператори во светски рамки што ја имаат оваа напредна технологија.
|