28.09.2012, 18:21 На прес на Гордон Браун се појавил само еден новинар
Лондон- Прес-конференцијата што поранешниот британски премиер Гордон Браун требаше да ја одржи во Њујорк е откажана, затоа што новинарите за неа не покажале никаков интерес Браун е именуван за специјален пратеник на ОН за глобалното образование и на прес-конференцијата, покрај него требаше да присуствува и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, но во закажаното време во салата предвидена за средбата со медиумите дошол само еден новинар. |