Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.09.2012, 09:39

Аврамопулос ја обвини Македонија за ширење иредентизам

Шефот на грчката дипломатија во ОН обвини дека претседателот Иванов користи реторика од 19 век, а дека Македонија дека шири иредентизам

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, ја обвини Македонија дека шири иредентизам, а претседателот Ѓорге Иванов дека користел реторика од 19 век, како одговор на повикот на Иванов до членките на Обединетите нации дека треба на Македонија да и се обраќаат како што доликува на 21 век.

- Прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија е поголемо од неговата семантичка диманзија и е важен дел од задачата на смирување на иредентистичките тенденции и обидите за фалсификување на историјата на нашиот регион. Бев информиран за тоа што го кажал претставникот на Поранешната Југословенска Република Македонија денес во Генералното собрание. Искривувањето на реалноста пред целата меѓународна заедница и користењето на реторика од 19 век во 21 век е контра-продуктивно и не не води никаде, изјави Аврамопулос, кој се обрати пред Генералното собрание вчера, во доцните вечерни часови, јави дописникот на МИА.

Аврамопулос од говорницата ги повтори познатите грчки ставови за спорот, дека Македонија треба да прифати едно име со географска одредница, кое би се употребувало во сите ситуации – ерга омнес. Аврамопулос ги потсети делегатите во салата дека Македонија е географски регион во кој се содржани териториите на три држави, а најголемиот дел од Македонија и припаѓа на Грција.

Притоа, Аврампулос направи лапсус, кога кажа дека вториот најголем дел од географската област Македонија е во Бугарија, додека на Република Македонија и го остави најмалото парче.

Аврамопулос ја претстави Грција како голем инвеститор во Македонија и најави дека по евентуалното решение на спорот, Грција ќе биде најголем поддржувач на македонските евроатлански интеграции.


Статијата е прочитана 1975 пати.

Испрати коментар



Црвенковски - СДСМ ќе бара интерпелација за Владата на Груевски
Почина Македонецот претепан од членовите на Златна Зора
Собрани над половина милион денари за Клиниката за детски болести
Давутоглу - Анкара го поддржува Скопје во спорот за името
Доделени првите уверенија за вршење сметководствени работи
Петковски - Во законот за бранители да се вклучат и борците на ОНА
Владата објавува нов оглас за социјални станови
„Фокс њуз“ во живо прикажа човек како се самоубива
Седум загинати во пожар во фабрика во Русија
Со митинг во Битола завршува работното лето на СДСМ
Прекинат штрајкот на грчките цариници
Зоолошката во Скопје со ново осветлување и видео надзор
Најмалку седум лица загинаа во поплавите во Шпанија
Македонец претепан од членови на „Златна Зора“ во Солун
Ново работно време на паркинзите
На прес на Гордон Браун се појавил само еден новинар
Цензура за јавна дебата преку сајтови
Протест за заштита на шумите во Тетово
„Економист“ - Македонија меѓу ниско задолжените
Отворени првите фабрики во индустриската зона кај Валандово
Роберт Орданоски потпретседател на БЕРЕК
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Уште еден случај на западнонилска треска во Македонија
Уапсен авторот на „Невиноста на муслиманите“
Нема истрага против „Сан“ за сликите на голиот принц Хари
Арифи - Извештајот во октомври ќе биде позитивен
Расте стапката на морталитет од срцеви болести
Мрежата на „Т-мобиле“ со поголем капацитет за разговори и СМС
Камерон „го откачил“ Обама за да доигра тенис
Љубљанскиот градоначалникот приведен, па пуштен
Вања Гавриловски нов сопственик на Канал 5 телевизија
(ФОТО) Деветнаесет загинати при пад на авион во Непал
Подземните инсталации ќе им припаднат на компаниите
Опуштен службеник застрела четворица и се самоуби
Шест лица тешко повредени во сообраќајка кај Гостивар
ОН ја афирмира безбедноста на новинарите
ОМД побара од ОН да ја спроведат пресудата од Хаг
Нимиц најави преговори во октомври
„Кјуриосити“ откри траги од вода на Марс
Сменето името на изложбата во Белгија
Иванов бара достоинствено именување на Македонија
Тешко се договараат земјоделците и преработувачите
Изет Зекири ги заглави пратеничките прашања
Скинато првото преспанско јаболко
Пристаништето Драч им се нуди на македонските фирми
Од утре почнува вонредно прскање против комарци
(ФОТО) Девет години МПМ со редизајниран „Утрински“ и нов автомагазин „GTA“
Судењето за „Биг фиш“ во ќор-сокак, оти нема вештачење
Ален Зекиров дојде на суд, но не дојдоа сведоците
Стечајците на протест, бараат обесштетување од државата
Атина ќе штеди, но бара повеќе време
Лажна тревога за пожар во Регулаторна комисија
Високо француско одликување за народниот правобранител
Земјоделците со протест си го бараа новио�� закон
Британскиот премиер не знае што значи „Магна Карта“?
„Гугл“ го прославува 14. роденден
Македонија во есенски толотен бран од жолта фаза
Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Нимиц
Крејтон - Ирска ја поддржува Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Почнуваат „Деновите на македонскиот мед“
Уапсен градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ
Отворена „Големата џамија“ во Стразбур
Само еврото го одржува единството на ЕУ
Асанж го обвини Обама за лицемерие
Нови протести во Шпанија
Товарниот сообраќај кон Грција во прекин
Ивона Талеска ќе го замени Латас во „Вечер“
„Катимерини“ - Бучковски има вила на Халкидики



George, 28.09.2012 20:48:58
Видете вака: 1) Аврамопулос е скоро во право кога вели дека ние живееме во 19ти век. Скоро, бидејќи, за жал, нашите проблеми потекнуваат од 19, се заоструваат во 20, а се уште не се решени во 21 век. 2) Аврамопулос не прави грешка (барем не за оние што го следата соседот со години) кога вели дека најголем дел од Македонија е кај нив, а потоа во Бугарија. Зошто? Затоа што за нива Македонија е нешто античко што им припаѓа ним и чиј еден дел ослободиле. А да при тоа извршиле геноцид, па да се враќаат не во 19 век, туку во 4т век пред нашата ера, за нив не е важно. (Видете под број 1.) Дали се сфаќаат спремните на промени со кого си имаме работа? Дали се спремни ова да и го објаснат на ЕУ и на светот или ќе си играме мачка и глушец?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |