Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.09.2012, 14:14
„Интерфест“ годинава фокусиран на домашните уметници



Фестивалот на класична музика во Битола на 2 октомври ќе го отвори новоформираниот дувачки оркестар од Штип

Битола - Со голем концерт на дувачкиот оркестар при Универзитетот„Гоце Делчев“ во Штип, под диригентската палка на Ванчо Самоников, во вторник на 2 октомври ќе стартува 21. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест Битола“. Новоформираниот дувачки оркестар од Штип во Центарот за култура во Битола ќе настапи заедно со сопранот Весна Гиновска-Илкова, со Кирил Рибарски на тромбон и со Зоран Казаков на труба. Годинава фестивалот е фокусиран на македонските репродуктивни уметници.

„Битола ни дава сила и покрај скромните финансии да направиме еден светски фестивал, а годинава успеавме да го добиеме новиот оркестар на штипскиот универзитет. Ова е нивно деби и иако е формиран е во 2012 година, тој направи таков скок, што навистина воодушевува. Значи после филхармониите на Полска и Софија кои настапија на овој фестивал, сега имаме македонски оркестар со 63 дувачи. Битола е град со традиција кога станува збор за дувачки оркестри“, изјави вчера Милица Шперовиќ - Рибарски, уметнички директор на фестивалот.

Во единаесетте фестивалски дена, во Битола ќе настапат уметници од повеќе земји во светот, од Германија, Италија, Бугарија, Шпанија. Ќе биде одиграна познатата престава на Битолскиот народен театар „Хенри Шести“, а ќе биде отворена и ликовна изложба на битолскиот академски сликар, Драган Анѓелковиќ. Планирано е одржување на поетска вечер и рецитали. Ќе настапи триото „Интерарт“, а на затворањето на фестивалот и камерниот оркестар при Факултетот за музичка од Скопје, со диригентот Велко Тодевски и гостинот од Франција, солистот на виолина Франсис Дирој.

Напоредно со фестивалот по седми пак се организира и Интернационален пијано натпревар за пијанисти и за млади. Пијанистите ќе имаа можност да го испробаат пијаното „Безендорфер гранд концерт 280“ што беше дадено како донација од бизнисменот Труфун Костовски за овој фестивал. „Паралелно со концертите ќе се одвива и пијано натреварот на кој се доделува само една награда од 1000 евра, а победникот ќе може да настапи на следното издание на „Интерфест“, додаде Шперовиќ-Рибарски.

Парите и спонзорствата и овој пат се проблем за овој реномиран фестивал, покровител и годинава е Министерството за култура, кое треба да префрли на сметка 1 милион и 700 илјади денари. „Кога би имале повеќе средства би донеле и комплет опери и комплетни балетски претстави, како што тоа го направивме изминатите години со балетот од Москва. За жал, каде и да се обратиме никој не ни одговара на нашите молби. Се уште за минатата година и должиме на Софиската филхармонија, проектот чинаше 20 илјади евра, а дојдоа 80 луѓе“, се пожали Милица Шперовиќ-Рибарски. (А.Б.)



Статијата е прочитана 247 пати.

Испрати коментар



Концерт против сиромаштијата во њујоршкиот „Централ парк“
„Златна школка“ за Франсоа Озон на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан
Почнува второто издание на фестивалот „Импакт“
„Октоберфест“ повторно во Скопје
Избрани 20-те македонски евергрини
(ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
Будистичкиот „Железен човек“ потекнува од вселената
Ана Дурловски и „Лучија од Ламермур“ за почеток на оперската сезона
Гоце Смилевски ја доби наградата за медитеранска култура
Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Македонската филхармонија стартува со концертот „Ш, ш, ш“
Скопска премиера на „Трето полувреме“
Лични документи на Гебелс на аукција во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Ведро

Недела
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Понеделник
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |