28.09.2012, 15:38 Фудбалски меч со три тима во Норвешка
За првиот натпревар се одбрани екипите Хонефос, Конгсвингер и Хаугесунд, а правилата се едноставно: целта е да се победат и двата ривали
Норвешката телевизија ТВ2 повторно ја шокира јавноста со идејата за нова верзија на фудбал, но овој пат таков што во исто време силите ќе ги одмеруваат три екипи едни против други. За првиот натпревар се одбрани екипите Хонефос, Конгсвингер и Хаугесунд, а правилата се едноставно: целта е да се победат и двата ривали.
Оваа телевизиска куќа и претходно во јавноста излегуваше со необични фудбалски идеи како „електрошок-фудбал“, каде што тренерите имаат право токму со електрошокови да ги „опоменат“ своите играчи среде натпревар ако не го исполнуваат претходно договореното.
Останува да се види дали оваа идеја ќе заживее или ќе замине во заборавот како и онаа за „фудбал во балон“.
|