29.09.2012, 11:51 Со митинг во Битола завршува работното лето на СДСМ
На денешниот митинг ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник на оваа општина Менде Диневски
Со протестен митинг во Битола СДСМ денеска го завршува проектот „Работно лето”. На него ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник на оваа општина Менде Диневски.
Во текот на летото, под мотото „Крени глас за иднината” карванот на СДСМ ја обиколи цела Македонија.
Беа организирани бројни митинзи, а највисокото раководство на партијата се сретна со преку 150 илјади граѓани во голем број на градови, села и населени места.
|