27.09.2012, 09:13 Товарниот сообраќај кон Грција во прекин
Товарниот сообраќај на сите гранични премини со Грција е во целосен прекин поради дводневниот штрајк на грчките цариници што почна изутрината во шест часот.
Во тек на штрајкот на сите три гранични премини (Богородица, Стар Дојран и Меџитлија) на секои два часа ќе се пропуштаат патнички возила и автобуси.
Штрајкот на грчката царинска управа, според најавите, ќе трае до сабота во 6 часот.
Според Авто-мото сојузот на Македонија, на македонскиот дел од граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.
|