27.09.2012, 14:35 Лажна тревога за пожар во Регулаторна комисија
Три противпожарни возила денеска претпладне се упатиле да гаснат пожар на третиот кат во во зградата на ГП „Пелагонија“ во строгиот центар на градот.Очевидци на настанот го виделе доаѓањето на противпожарните возила некаде помеѓу 10,30 часот,но тие набрзо си заминале,откако се утврдило дека станува збор за лажна тревога.
Информацијата вчера се прошири како „оган“,па дури побуди и досетливи коментари,кога се утврди дека всушност на катот на кој е пријавен пожарот, се наоѓаат просториите на Регулаторната комисија.
Најчестиот коментар беше дека некој пријавил дека „гори во Регуларна“, најверојанто поради високите цени на парното греење и на електричната енергија,поради што некој помислил дека е добро да се изгаснат регулaторите. (Г.Д)
|