27.09.2012, 12:13 Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Нимиц
Претседателот на Република МАкеднија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 67. Генерално собрание на Обединетите нации.
Иванов денеска во Њујорк треба да се сретне и со посредникот на ОН во македонско-грчките рагзовори за името Метју Нимиц.
Шефот на македонската држава вчера во седиштето на Светската организација имаше средба со генералниот секретар Бан Ки-Мун на која главна тема била прашањето за името. Иванов побарал спорот да се води исклучително во рамки предвидени од резолуциите на ОН, Времената спогодба и со почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Особено го осудил проширувањето на спорот кон теми кои задираат во слободното изразување на националниот идентитет, јазикот и културата. Претседателот Иванов истакнал дека Македонија е подготвена во секој момент да седне на масата за разговори со Грција и истото го очекува и од другата страна, суштински, а не само декларативно.
Бан Ки-мун, пак, го информирал Иванов за разговорот што го водел со грчкиот премиер Андонис Самарас за прашањето за името и најавил дека и со други активности ќе се заложи за решавање на спорот, како што најави и за време на посетата на Македонија во јули годинава.
|