Хороскоп
Овен
Тргнувате во акција и работите ги извршувате со неверојатна леснотија. Со самото тоа, доаѓа до расветлување на натрупаните проблеми. Некои Овнови имале повреди или операции, па следува оздравување. Некои очекуваат случувања во рамките на семејството. Можеби планирате дете.
Бик
Влегувате во многу поповолен период. Ја имате заштитата на планетите, но таа не е доволна доколку и самите не се ангажирате и направите нешто во врска со решавањето на проблемите. Премногу сте доминантни во моменталната ситуација. Бидете внимателни, чувајте се од повреди и агресивност на злонамерната околина.
Близнаци
Доколку сте депресивни, причината е неподготвеност при соочување со вистината. Таа каква и да е, е подобра од лагата. Бидејќи станува збор за болни работи, најлесно е да не се нервирате. Морате да сфатите дека на некои нешта речиси и не можете да влијаете, но индиректно можете, и тоа во голема мера.
Рак
Само убаво друштво може да ве извлече од депресијата. Здравствената ситуација е комплицирана, или вие сакте таква да биде. Поради нешто сте незадоволни, па бегството во болест го гледате како спас. Размислете колку самите сте придонеле со своето невротично однесување да се чувствувате онака како што се чувствувате.
Лав
Конечно, голем број од припадниците на овој знак се одлучува на конкретна акција. Преоѓате од зборови на дела, што е позитивно. Долго бевте во фаза на пасивност и планови, но ситуацијата до таа мера е јасна да од вас се очекува нешто опипливо. Покажете дека умеете да бидете практични. Следува емотивно задоволство.
Девица
Денот е во знакот на крупни случувања и новости. Некои работи кои се во врска со брак и партнерство конечно се реализираат. Резултатот може да биде и добар и лош - во зависност од конкретните околности. Не очекувајте ништо да ви падне од небо, искористете ги поволностите во практични цели. Не филозофирајте, тргнете во акција.
Терезија
Се чувствувате доволно силно дека се можете да направите. Бидете внимателни и не ги преценувајте само физичките, туку и другите способности. Лошите потези само негативно се одразуваат на понатамошниот след на случувањата. Првенствено на оние што се однесуваат на здравјето.
Скорпија
Желбата за доминација е силна. Не претерувајте во ништо, па ни во настојувањето по секоја цена да биде по ваше. Доколку очекувавте пари од наследство или добивка која доцни, денес би требало да знаете на што сте. Или ќе го реализирате или барем ќе знаете дека од таа работа нема никаква корист.
Стрелец
Комплицирани сте и тешки на самите себе. А какви сте со другите? Што можете да работите кога сте пречувствителни и реагирате на секоја ситница. Пречките во семејниот живот оставиле извесна трага, првенствено на здравјето. Најверојатно, ќе направите нешто да ја решите таа енигма.
Јарец
Се размотува клопчето на емотивните проблеми. Каков-таков расплет е подобар од неизвесноста и стравот кој ве прати веќе подолго време. Станува збор за нешта кои директно се во врска со саканата личност, било да е во прашање здравјето или опстанокот на врската. На прав пат сте што се однесува до партнерството.
Водолија
По долго време на застој кој ве доведуваше до лудило, се тргнува во најдобар ред. Нешто позитивно се случува. Во фаза сте на планирање во врска со тимска работа, но и со контакти со странство. Можеби некаде ќе одите по долго двоумење и добивање документи.
Риби
Вжештени се проблемите во семејството. Конечно нешто се случува, што на најдобар можен начин ги ублажува вашите грижи. Денот е во знакот на пријатните вести и случувања, но и правење на заеднички планови. Со кого? Можеби со саканата личност. Се зависи во каква моментална позиција сте.
|