28.09.2012, 12:31 Опуштен службеник застрела четворица и се самоуби
Инцидентот се случи во една локална компанија во Минеаполис, откако отпуштен службеник застрела неколку негови колеги
Четири лица загинаа во Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота, откако отпуштен службеник од една локална компанија отвори оган кон неговите колеги, изјавија претставници на полицијата.
Во инцидентот се ранети уште четири лица. По нападот службеникот се самоубил.
Тој бил отпуштен од работа неколку часа, пред трагедијата.
Полицијата засега не ги соопштила имињата на жртвите и на убиецот.
|