28.09.2012, 10:29 ОН ја афирмира безбедноста на новинарите
Советот на Обединетите нации за човекови права усвои вчера едногласна резолуција, со која прв пат се афирмира безбедноста на новинарите како темелен елемент на слободата на изразувањето, соопшти Меѓународниот новинарски институт (ИПИ).
Со резолуцијата се повикуваат државите да ја поттикнуваат безбедноста на новинарите, со цел тие да можат независно да ја извршуваат својата работа и да се залагаат за непристрасни, брзи и делотворни истраги во случаите на насилство врз новинарите.
- Мошне сме задоволни од фактот дека Советот на ОН за човекови права го нагласи значењето на безбедноста на новинарите за граѓанските права во сите земји, изјави извршниит директорот на ИПИ, Алисон Бетел Мекензи.
Таа ги повика членките на ОН да ја применат резолуцијата и така да стават крај на глобално присутната неказнивост на казнените дела против новинарите.
Според последните расположливи податоци на ИПИ, минатата година се убиени 102 новинари. Најмногу во Мексико - 10, а потоа во Ирак 9, во Хондурас, Јемен и Пакистан по шест и во Чиле и Либија по пет. Во европските земји се убиени шест новинари, во Русија, Турција и Азербејџан. Од 2000 година досега убиени се вкупно 943 новинари. |