Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
01.10.2012, 16:18

Изложба на Атанас Ботев во „Око“

Во најновите дела Ботев остварува дијалог со своето алтер-его материјализирајќи ги своите потсвесни содржини, преокупации и опсесии

Во галеријата „Око“ вечер ќе биде отворена самостојна ликовна изложба на Атанас Ботев, насловена „Луцидно синестетички дијалог“. Авторот ќе се претстави со 13 слики работени во акрил и масло на хартија и на платно.

Како што информира организаторот, во најновите дела Ботев остварува дијалог со своето алтер-его материјализирајќи ги своите потсвесни содржини, преокупации и опсесии (СФ, хорор, стеам-пунк, горе, психоделија, поп-арт...) во сликарски артефакти со суреална провиниенција.

- Во средиштето на изложбата се наоѓаат бројни прашања: како нашата современа култура го обликува психичкото ниво, профилот на личноста, однесувањето на поединецот; кои се потиснатите стравови, желби и фрустрации на современиот човек; поимите правда, морал, етика се доведуваат во прашање или пак цинично се исмејуваат итн...Во делата може да се насети и извесен неспокој кој е рефлексија токму на општествените превирања и турбуленции но тоа е неизбежно. Сликите се всушност огледало на нашата первертирана стварност во којашто западната цивилизација полека тоне обременета со својата сопствена декаденција, наведува организаторот.

Атанас Ботев (1973) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн), каде и магистрирал во 1999. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, стрип, инсталација, перформанс. Имал самостојни изложби во Њујорк и Нирнберг и учествувал на повеќе групни и во Македонија и во странство. Добитник е на повеќе награди. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.

Изложбата во галеријата „Око“ ќе биде отворена до 9 октомври.


Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар



Рубенс Муратовски стана татко
„Луј Витон“ ги пали ексклузивните чанти
Величенствениот не ги стигна крадците
„Пингвин“ го објави романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“
Оливер Белопета на чело на Европската џез-мрежа
„Лучија од Ламермур“ ја отвора новата оперска сезона
Џејмс Бонд доби 28 милиони фунти од спонзори
Кристина Агилера - Дебела сум, помирете се со тоа!
Се омажи ѕвездата од „Ѓаволот носи прада“
Отворен Светскиот салон за автомобили во Париз
Концерт против сиромаштијата во њујоршкиот „Централ парк“
„Златна школка“ за Франсоа Озон на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан
Почнува второто издание на фестивалот „Импакт“
„Октоберфест“ повторно во Скопје
Избрани 20-те македонски евергрини
(ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
„Интерфест“ годинава фокусиран на домашните уметници
Будистичкиот „Железен човек“ потекнува од вселената
Ана Дурловски и „Лучија од Ламермур“ за почеток на оперската сезона
Гоце Смилевски ја доби наградата за медитеранска култура
Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Македонската филхармонија стартува со концертот „Ш, ш, ш“
Скопска премиера на „Трето полувреме“
Лични документи на Гебелс на аукција во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Среда
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Полемика на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Латас контра Ордановски
Како е можно јавниот сервис како ексклузивна вест да пласира непроверена вест, можно ли е нештата да минат толку лесно и без оставки,
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |