Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.09.2012, 14:15
Ана Дурловски и „Лучија од Ламермур“ за почеток на оперската сезона



На 2 октомври ќе биде изведена премирната обнова на операта од Доницети, со сосема нова режија и дизајн

Со обновената премиера на трагичната опера „Лучија од Ламермур“ од италијанскиот композитор Гаетано Доницети, Македонската опера и официјално ја стартува годинашната концертна сезона. На 2 октомври, оваа опера која е репрезентативен дел од репертоарот на секоја оперска куќа, ќе биде изведена под диригентство на Алесандро Д’Агостини од Италија, а во главните улоги ќе настапат нашиот истакнат сопран Ана Дурловски како Лучија и баритонот Борис Трајанов како Енрико. Режисерската поставка е на Лев Пулиезе од Италија, кој е задолжен и за сценографијата на претставата, додека костимите се на Марија Пупучевска. Останатите улоги ќе ги толкуваат гостинот од Аргентина, Пабло Караман, како ликот на Едгардо, Артуро ќе биде Марјан Николовски, а Рајмондо Владимир Саздовски.

„Лучија од Ламермур“ на нашата сцена беше обновена пред четири години, а овој пат се поставува во комплетно ново руво, со нова режија, сцена и костими. Сопранот Ана Дурловски, пак, токму со улогата на Лучија дебитираше во Македонската опера и балет во 2000 година, кога ја воодушеви многубројната публика со својот исклучителн глас и моќна актерска игра, додека Борис Трајанов своето деби на фестивалот „Мајски оперски вечери“ пред две и пол децении исто така го имаше во оваа опера на Доницети.

„Улогата на Лучија во досегашната моја кариера сум ја испеала многу пати и на некој начин, таа стана мој заштитен знак, односно му дава личен печат на мојот карактер“, рече Ана Дурловски на денешниот прес.

Режисерот Лев Пулиезе, пак, кој е и сценогарф, истакна дека на сцената ќе има две огледала кои ќе ги претставуваат доброто и злото, а преку кои ќе се спојат ликовите и нивните карактери.

На репризната изведба на „Лучија од Ламермур“ која ќе се случи на 5 октомври, главната улога ќе ја толкува сопранот Наде Талевска, со што МОБ им дава шанса на младите талентирани пејачи да се истакнат.

„Лучија од Ламермур“ е создадена врз либретото на Салваторе Камарано, а според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Станува збор за една од водечките белканто опери во светската оперска литература, премиерно изведена во 1835 година во Театро Сан Карло во Неапол.

Она што следува понатаму на репертоарот на МОБ, како што челните луѓе на оваа куќа најавија, се македонската опера „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски која на сцената ќе се врати по пауза од четири години, повторно под диригентство на Алесандро Д’ Агостини, потоа едночинката „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи, „Набуко“, „Травијата“, „Војвотката од чардашот“...

И покрај тоа што опера од Вагнер никогаш не била изведена на нашата сцена, една од новините е најавата дека Македонската опера следната година со концерт ќе ја одбележи 200 годишнината од раѓањето на Рихард Вагнер, како и 200 години од раѓањето на Џузепе Верди, со неговата „Атила“. Директорот на Операта, Александар Котевски, за следната година ги најави и „Хофманови приказни“ на Офенбах, „Фауст“ на Шарл Гуно, како и познатиот мјузикл „Свирач на покривот“ од Џери Бок.

Балетот, пак, стартува на 10 октомври со „Самсон и Далила“, а ќе ги обнови претставите „Жизел“, која ќе биде изведена по седум години, како и Есмералда.

Инаку, конкурсот кој е во тек, за нарачка на балетско дело од македонски автор, ќе заврши на 6 декември. Кореографијата за избраното дело ќе му биде доделена на Роналд Савковиќ од Хрватска, додека костимите ќе ги работи Александар Ношпал. (Т.И.)

Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар



Почнува второто издание на фестивалот „Импакт“
„Октоберфест“ повторно во Скопје
Избрани 20-те македонски евергрини
(ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
„Интерфест“ годинава фокусиран на домашните уметници
Будистичкиот „Железен човек“ потекнува од вселената
Гоце Смилевски ја доби наградата за медитеранска култура
Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Македонската филхармонија стартува со концертот „Ш, ш, ш“
Скопска премиера на „Трето полувреме“
Лични документи на Гебелс на аукција во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |