Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.09.2012, 11:47
Македонската филхармонија стартува со концертот „Ш, ш, ш“



Вечерашниот концерт е насловен „Ш, ш, ш“ поради иницијалите на композиторите Шуман, Шуберт и Шенберг, a ќе настапи швајцарскиот пијанист Франческо Пјемонтези

Со вечерашниот концерт симболично насловен „Ш, ш, ш“, вечерва во Домот на АРМ во 20 часот, почнува новата концертна сезона на Македонската филхармонија. Под диригентство на маестро Јануш Пшибилски од Полска, чест гостин кој раководи со нашиот оркестар, ќе бидат изведени Концертот за пијано и оркестар од Роберт Шуман, ретко изведуваната Симфонија број 3 од Франц Шуберт и прв пат во Македонија ќе прозвучи „Рондо Цингарезе“ од Клавирскиот квартет на Јоханес Брамс, во оркестрација на Арнолд Шенберг. Вечерашниот концерт е насловен „Ш, ш, ш“ поради иницијалите на композиторите Шуман, Шуберт и Шенберг.

Инаку, како солист на пијано, кој ќе го изведе Концертот од Шуман, ќе настапи швајцарскиот пијанист Франческо Пјемонтези, кој зад себе има завидна биографија. Музичката критика високо го оценува концертниот израз на Пјемонтези, кој е избран за Млад уметник на годината од Би-би-си. За него критичарите ќе напишат дека е „млад уметник со исклучителна зрелост“, а неговата интерпретација поседува „јасна музичка мисла, софистицирана техника и фантазија“. Како солист особено се истакнува во неговата интерпретација на делата на Моцарт, Бетовен, Шуман, Брамс, Шопен, Дебиси и Равел, а концертно настапува со Лондонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Би-би-си, Израелската филхармонија, Камерата Салцбург итн., остварувајќи соработки со диригенти како: Зубин Мехта, Јиржи Белохлавек, Сакари Орамо, Васили Петренко, Михаил Плетњов, Тиери Фишер, Димитри Китајенко и многу други. Пјемонтези снима за „ЕМИ Класикс“ како дел од серијата „Марта Аргерич и пријателите“, а исто така и за „Клавес рекордс“ за кои остварува високо оценет запис на дела од Роберт Шуман. Неговиот последен албум за „Аванти класик“ содржи музика на Хендл, Брамс, Бах и Лист.

Инаку, како што соопштуваат од Македонската филхармонија, концертната сезона 2012/13 ќе изобилува со атрактивни солисти и диригенти, а задржан е и форматот на циклусите „Виртуози“, „Лауреати“ и „Кирилица“.

Под мотото „Купи билет за Македонска филхармонија“, промотивната продажба на претплатничките циклуси „Фортисимо“, „Форте“, „Мецо“ и „Пијанисимо“, трае до 27 септември. (Т.И.)

Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар



„Октоберфест“ повторно во Скопје
Избрани 20-те македонски евергрини
(ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
„Интерфест“ годинава фокусиран на домашните уметници
Будистичкиот „Железен човек“ потекнува од вселената
Ана Дурловски и „Лучија од Ламермур“ за почеток на оперската сезона
Гоце Смилевски ја доби наградата за медитеранска култура
Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Скопска премиера на „Трето полувреме“
Лични документи на Гебелс на аукција во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |