Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
28.09.2012, 10:17

Будистичкиот „Железен човек“ потекнува од вселената?

Статуата е изработена од железениот метеорит Чинг, чии парчиња се распрскани на подрачјето на источен Сибир и Монголија

Научниците потврдија дека „Железниот човек“, кого нацистите го пронајдоа на Тибет во 1938 година доаѓа од вселената, пишува списанието „Метеоритикс енд планетари сајнс“.

Тимот нацистички археолози го пронајдоа „Железниот човек“ непосредно пред почетокот на Втората светска војна, а станува збор за скулптура на маж со оклоп, на чие гради се наоѓа превртен кукаст крст.

Научниците тврдат дека станува збор за будистичкиот бог Ваишравану и оти потекнува од 11.век. Меѓутоа за вистинското потекло на скулптурата нема многу информации.

Научниците од Штутгартскиот универзитет тврдат со сигурност дека станува збор за материјал кој доаѓа од вселената, бидејќи скулптурата е изработена од метеорит и е единствена статуа изработена од тој материја. Анализата покажала дека е изработена од железен метеорит, кој содржи железо, никел, кобалт, хром, галиум и германиум.

Секако податокот дека станува збор за статуа од вселената не треба да се сфати буквално, бидејќи станува збор за железен метеорит Чинг, чии парчиња се распрскани на подрачјето на источен Сибир и Монголија, а Чинг е еден од 113 железни метеорити пронајдени на земјата.

Сепак не се знае зошто нацистите ја однеле скулптурата во Германија, но се претпоставува дека ги провлекла мистиката, која го опкружува предметот, кукастиот кртс кој се наоѓа на него, но и фактот дека Адолф Хитлер и неговите соработници биле опседнати со окултизам.


Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар



Почнува второто издание на фестивалот „Импакт“
„Октоберфест“ повторно во Скопје
Избрани 20-те македонски евергрини
(ФОТО) „Трето полувреме“ премиерно пред скопјани
„Интерфест“ годинава фокусиран на домашните уметници
Ана Дурловски и „Лучија од Ламермур“ за почеток на оперската сезона
Гоце Смилевски ја доби наградата за медитеранска култура
Близначки за 50 години проституција спиеле со 355.000 мажи
Македонската филхармонија стартува со концертот „Ш, ш, ш“
Скопска премиера на „Трето полувреме“
Лични документи на Гебелс на аукција во САД



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |