28.09.2012, 16:19 Протест за заштита на шумите во Тетово
Тетово - Над 100 жители од селата Теарце, Пршовце, Глоѓи, Слатино и Отушиште денеска попладне на јавен протест го изразија својот револт од непланската сеча на огревни дрва. Според Дауд Шасивари, претседател на Месната заедница Теарце, концесионерот - приватното претпријатие „Мерсо Транс“ од Тетово, целосно, а не селективно, ја сече шумата во месноста Три Води на повисоките предели на Шар Планина. Според Шасивари, концесионерот ја уништува шумата што може да доведе до ерозија на земјиштето. Од друга страна, на жителите од селата не им се дозволува ниту селективна сеча, иако на тоа имале право.
На собирот беше повикан и градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани, од кого незадоволните жители на петте села побараа заштита и помош.
„Немам компетенции во тој дел од надлежностите, но набргу ќе интервенирам во ЈП ’Македонски шуми‘ и ќе побарам да прекине ваквиот начин на сечење дрва“, рече градоначалникот Асани. (Г.Е.)
|