27.09.2012, 15:30 (ФОТО) Девет години МПМ со редизајниран „Утрински“ и нов автомагазин „GTA“
ФОТО: Петр Стојановски и Киро Попов
Во присуство на јавни личности од сите сфери, пријатели и деловни соработници на Медиа принт Македонија, вчера во клуб-ресторанот „Воденица“ беа претставени редизајнираниот „Утрински весник“ и новиот автомагазин „GTA“ кој ќе излегува на две недели.
Компанијата МПМ, која ги издава и дневните весници „Вест“ и „Дневник“ и неделниот магазин „Теа Модерна“, синоќа одбележа и 9 години од постоењето.
Присутните ги поздрави д-р Срѓан Керим, претседател на Управниот одбор, а за новото дизајнерско освежување на „Утрински весник“ зборуваше извршниот директор Виктор Доневски.
|