Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
28.09.2012, 18:00

Иванов настапил како лидер на велесила

Повисок тон во ОН не се очекува од лидер на демократска држава - е една од оцените за говорот на претседателот Ѓорге Иванов

Слободанка Јовановска


Говорот на претседателот Ѓорге Иванов, освен грчкиот шеф на дипломатијата, не испровоцира никакви реакции дома, иако според општа оцена, беше наменет токму за домашна публика и за Атина. За него молчеа сите политички партии, а аналитичарот Жидас Даскаловски не сакаше да го коментира бидејќи, како што рече, не го слушал и не знае што содржи. Оние што, сепак, го слушале, оценуваа дека претседателот имал говор што не соодветствува со реалноста.

„Не би рекол дека е тоа говор за 19 век, како што го оцени грчкиот шеф на дипломатијата. Напротив, би рекол говор за 22 век, т.е. за некоја идна утопистичка ситуација“, оцени професор Денко Малески, со забелешка дека тој нема да смени ништо бидејќи во него, како и во говорите на премиерот, провејува култура на мачеништво и на неправди што ни се нанесуваат, кои поминуваат добро дома, но надвор немаат ефект. „Нам ни треба култура на соочување со реалноста и на одважни чекори за решавање на проблемите“, оцени Малески додавајќи дека претседателот бил доследен, сепак, односно на линијата на политиката што ја води.

За Ивон Величковски од ЛП говорот е реален одраз на погрешните приоритети и методи на нашата надворешна политика. „Имаме осцилации - еднаш бараме решавање на спорот политички, еднаш правно, и губиме време во потрага по концепт место да го решаваме проблемот“, вели Величковски на кого му пречи и злоупотребата на генералниот секретар Бан Ки-мун, бидејќи цитирајќи го претседателот, пратил порака до Атина дека „тој е со нас“.

„Мафтање со говори како што го прави Махмуд Ахманидеџат, или како што го правеше Никита Хрушчок, кој удираше со чевел на говорницата, или Ахмед Секу Туре кој го покриваше микрофонот со бела капа, не се очекува од лидер на демократска земја“, смета професорот Нано Ружин. Ја разбирам фрустрацијата на претседателот, но така не се настапува во ОН“, вели Ружин, додавајќи дека тоа особено не се прави истиот ден кога премиерот Никола Груевски побара продолжување на преговорите со Грција, па и со помека варијанта - прво да почнеме со некои други прашања, па да стигнеме до најтешкото.

Стево Пендаровски, професор, исто така смета дека претседателот годинава е доследен на тезите што ги застапува на кој било меѓународен форум, а тоа е дека светот треба да ја препознае новата политичка реалност - Хашката пресуда. Според него, ниту еден релевантен меѓународен фактор не смета дека таа е добра подлога само со неа да се реши спорот околу името, па ако сакаат да го решат, треба да ја заборават. Тонот на обраќање, пак, на претседателот го оцени како прилично офанзивен, но и карактеристичен за него кога се обраќа надвор.

„Тој тон беше непотребно офанзивен и патриотски. Во ОН не се продава патриотизам“, оцени Пендаровски со забелешка дека Иванов настапил од позиција на велесила, па и со тонот и со пораките беше дисконектиран од политичката реалност.


Статијата е прочитана 5281 пати.

Испрати коментар



Цензура за јавна дебата преку сајтови
Граѓански или политички (контра)протести
Интервју - Немам амбиција да бидам амбасадорка
Аврамопулос



Itar Pejo, 29.09.2012 00:19:22
Mudar potez na predesedatelot e maftanjeto so haskata presuda so koja sto se bara Grcija da ne go poprecuva vleguvanjeto na Makedonija vo NATO i EU. Poradi taa presuda Grcija prestana da poprecuva, no NATO i EU ne ne stavaat na dnevnen red. Sega Makedonija da gi tuzi NATO i EU i da bara nova, soodvetna presuda. Potoa Predsedatelot ce moze da mafta so dvete i nas da ne maftosuva.
jovan, 29.09.2012 00:32:53
Situacijata ni e katastrofalno losa, pa ne ni ostanuva nisto drugo osven poslednoto nesto. Da napagame i nie. Toa e toa. A toa sto rekol grkot deka toa bilo govor za 19vek i ovoj Malevski deka bilo za 22vek, i tie treskaat gluposti kako i Dzole. Dobro e sto ima i beter od nego.
Сокол, 29.09.2012 01:16:56
Опасни песимисти се наведените аналитичари, не судени претседатели и амбасадори кои никогаш во животот освен утопија друго не знаат да кажат, Единица за текстот заради спинување против претседателот. Тој барем прави нешто за разлика пд вас сезнајковците
ФЕЛИКС, 29.09.2012 07:27:17
Нормално-ненормална реакција како на говорникот од југот во ОН,кој на тивок начин запенето гласно објаснуваше кој е кој по векови.Ние назадни а тие ептен напредни во се.Од недобри соседски односи па се до имиџот на успешни монтери на финансиска криза во која така успешно не се снаоѓаат.А богами во ист правец се и љубителите на понизноста,оти одамна дошло времето за нив во стил на ,,дошло време да се свитка кичмата,,што би рекол еден нивни градоначалник.Се навикнавме и на едните и на другите,кој инаку се во тесна меѓусебна сиртаки релација.А добра е и нивната местоположба,едните високо на табелата земји кој треба финансиски да им се дотера умот со драконски мерки,од кој народот таму душата ќе им ја извади на политичарите.А вторите токму таму каде што се наоѓаат, презрени, казнети и фрлени во темниот опозициски ќош.
mkd, 29.09.2012 09:20:16
Govorot na Pretsedatelot bese mudar i so realen ton. Od takvi eksperti kako vo tekstot koi prodavaat znaenje Makedonija e vo vakva pozicija kakva sto e. Ima edna narodna deteto sto place ke dobie jadenje. Mora otvoreno da se kaze sto ja boli Makedonija i sto barame nego kako dosega da cutime a karvanot da vrvi. Bravo za Pretsedatelot.
pile, 29.09.2012 09:39:54
Drzjavniot vrv zapostavuvajki gi nekolku pati povtoruvanite izjavi od relevantni politicari vo sosedna Grcija,deka Grcija bara soodveten sogovornik za nadminuvanje na sporot so imeto,bez pragmatizam za posvetenost na dobrososedskite odnosi od tipot,zamena na oznakite na uniformite na ARM od ,,Makedonija vo ,,Republika Makedonija,samo ja betonira osnovata za neresavanje na sporot a so toa i go zgolemuva bezbednosniot rizik po regionot.Za nadminuvanje na razlikite so imeto megju dvata soseda problemot veke oddamna e detektiran, toa e Nikola Gruevski.Davanjeto na delnicata Demir Kapija-Smokvica na firma od sosedna Grcija, kako i soglasnosta za ime Republika Makedonija (Skopje), ne pretstavuva dovolen garant za unapreduvanje na odnosite i ponatamosna konzistentna razvojna politika pomegju dvete sosedni zemji.
od ostrijot, 29.09.2012 10:49:27
luge nemojte site po predsedatelot nee lesno da zboris vo edna mega sala i pred lideri od celijot svet predsedatelot nebese frustriran nego go fati trema pazatoa maftase so haskite dokumenti a visokijot ton mu sluzese za ohrabruvanje.
Ivan, 29.09.2012 11:45:06
Govorot na Ivanov bi bil dobar samo ako se odrzal na partiski miting vo Skopje. Pregolema patetika in nacionalizam koj ne dolikuva na pretsedatel od Evropa. Prvo mozese barem da govori na angliski,so jasen, razbirliv i nizok ton. Vtor bitem moment e maftanjeto na dokumenti, sto nalikuva na lider na zemja od bliskiot istok. No negov najgolem gaf e napraven po govorot, koga objavi deka Generalniot Sekretar na OON e za Makodonija.
Biljana, 29.09.2012 12:47:00
Golemo BRAVO do Predsedatelot Ivanov.
Димитар, 29.09.2012 13:34:04
Говорот на претседателот е за поздравување, доколку и неговите претходници настапуваа вака ќе имаше друга слика за нас во ОН. Мене ме чудат овие таканаречени експерти кои секој ден не заразуваат со своите демагогии. Денко Малески, Ивон Величковски, Нано Ружин и на крај ти се молам Стево Пендаровски (Кажете ми дали знате овој последниов на каде тера,и дали тој самоит знае). Ги читам ставовите на експертиве наши и си велам, па ние немаме проблем со некој од надвор, ние имаме проблем со овие што ни се дома, од калибарот на оние кои што погоре ги напишав. СОКОЛ потполно се сложувам со тебе дека овие се Опасни песимисти, не судени претседатели и амбасадори кои никогаш во животот освен утопија друго не знаат да кажат Целата нивна енерги ја користат за да и наштетат на нашата држава. Како еднаш не дадоа анализа и сугестија за подобрување на работите. Постојано само критикуваат веќе сработени нешта. Доста е од вакви квази-аналитичари.
Istocna Mkedonija, 29.09.2012 13:51:02
Vo govorot na pretsedatelot imase dostoinstvena intonacija i poraki,iako garnirani so emotivni nabi,taka da ne sme pregolemi kritizeri i negatoti na se i sesto!
JON, 29.09.2012 14:57:26
Dodeka nepočituvačite na Makedonija, nadvorešnite neprijateli i negatori, vnatre vo zemjava imaat takvi sojuznici kako učiteli, profesori i poličitari što go iskomentiraa govorot na predsedatelot, lesno i bez nekoi rigorozni sredstva i metodi ke si ja ispolnuvaat celta - Potcenuvanje, mačenje i traumatiziranj na Makedonecot.
Nikola, 29.09.2012 15:41:45
Kole 29.9.2012god. Sakam dagi potsetam D.Mleski i Nlno Ruzin. Na Jalta,vo 1945god,britanskiot premierVinston Cercil,presedatelo na SAD Frenklin Ruzvelt i sovetskiot premier Josif Stalin gi usoglasile planovite da ja okupirat Germanija,da oformat nova Polska i da odrzat konferencija za osnovajne na OBIDINETITE NACII.Jas go dozivejav osnivacite koga eden na drug si proglasuvaa za DIKTATORI. MaleskiRuzin imeto i da go smeneme ke bidete zadovoni,celio svet ke cvet so vas. Pozdrav do presedatel G.Ivanov izbran od narodo na slobodni izbori.
Astibo, 29.09.2012 17:30:33
N A P R O T I V !!!! Odlicen govor.Kako sto kazuvaat spomnatite profesori pogore vo tekstot,deka bil za ova,ona vreme ...ne se slozuvam,a mislam deka ne se slozuvaat i drugite (barem 60% od narodot vo ovaa nasa Makedonija. Z O S T O ! Zatoa sto ,dosta bese govorenja so polovina usta,sviena kicma i skrieni,dvosmisleni zborovi,kako na Nano,Stevo i ostanatite koi zboruvaat okruglo pa na kose!!! VAka trebase mnogu od porano,barem uste pred 15 godini. Da se kaze vistinata vo lice! Izleguva deka dosega (barem jas taka gledam),nikoj vaka direktno nema zboruvano na edno vakvo golemo zbidnuvanje(osven Kerim koga bese vo ON I mislam deka od togas trgna se podobro i podobro za nas). Samo so vaka otvoreni govori mozeme da otvarame vrata po vrata za vlez vo site institucii kako vo Evropa taka i vo svetot. Primer za toa e Odlukata na sudot vo Strazburg.Za koja MNOGU vo ON i ne znajat . Ama sega SITE ja doznaa i ke doznavaat uste!
dima, 29.09.2012 20:38:07
Nesakam na latinicno pismo da go pisuvam ova no vo momentov nemozevod ocilni pricini da ja najdam kirilicata na kompjuterot. @@ vek - necini. 19 vek necini , sega necini , ja znaete onaa srpskana na koj vlaknata mu smetaat . Eksperti sto napravija tie. Nano Ruzin sto napravi , sto napravi be, Denko Malevski i ostanatite . Abe dosta dosta od kvazi intelektualci koi se nauceni za se da davaat mislenje i za se nekoj da gi prasuva i sekogas da bidat vo trend za da mozat bozemnite pametni mislenja debelo da si gi naplatuvaat. Bra vo Profesore Ivanov, Bravo Gospodine Pretsedatele na Republika Makedonija, Bravo Makedonijo. Taka se resavaat rabotite so iskrenost so vistina so ton koj treba da se vreze vo svesta na 134 zemji i koj tie koi ne ne priznale so ustavnoto ime da se prasaat zosto ne se vo tie 134 zemji clenki na ON. Dosta os muljevina , dosta od kal i nemasnje bistrina , dosta od dvolicnost, dosta od metuzalemi i dinosaurusi . Ja s imam 63 godini , dosta od takvite kako mene .
Даниел, 29.09.2012 20:49:46
Одличен говор на Претседателот! Мојот почитиван Професор Иванов имаше одлично обраќање какво што доликува на еден лидер.Содржината на говорот кореспондираше со фактичката состојба и не треба да биде предмет на дискусија, особено со негативен тон и особено не од страна на нас - Македонците! Само напред Претседателе, сведната глава сабјата ја сече и тоа како, го видовме тоа во минатото! А, ако светските и европските сили бараат демократија - мора и да ја практикуваат!
Трпе, 30.09.2012 00:55:58
Никако да ја разберам актуелната власт ,дали сакаме во НАТО и ЕУ.Еднаш кажуват дека треба да бидеме во нивно друшто а друг пат дека тие биле пред распаѓање.Па што бараме да дружиме со некого, кога нема да постојат.Или научени се да сеат магла и народот да го лажат дека Македонија е најголемиот производител на волна..вистинска волна нема затоа што сами го соголија сопствениот народ.
Tome, 30.09.2012 05:34:29
Opasni i golemi patrioti se Makedonskite Politichari ama koga se nadvor od zemjata oti znaat koga ke se vratat doma pak gi chekaat foteljite i platite, Takvite lazni patrioti ke ja odnesaat Makedonija vo istorijata kako i samite sebe.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |