28.09.2012, 12:56 Вања Гавриловски нов сопственик на Канал 5 телевизија
Гавриловски е директор на печатницата „11 Октомври“ и во јавноста важи за близок човек на Емил Стојменов
Вања Гавриловски, директорот на печатницата „11 Октомври“ кој во јавноста важи за близок човек на Емил Стојменов ја купил Канал 5 телевизија, пренесува порталот „Плусинфо“.
Многумина велат дека Гавриловски имал одлучувачка функција и во Канал 5 телевизија, а како проформа фигурирал директорот Иван Мирчевски.
Со оваа смена на сопственичката структура, телевизијата во сопственост на фамилијата Стојменови го фати последниот воз. Според Законот за радиодифузија, телевизијата го кршеше членот 11, каде јасно стои дека носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
До СРД се уште не стигнале документите на Канал 5 за промената на сопственичката структура, по чии точки ќе се расправа на денешната седница на Советот. |