27.09.2012, 10:16 Само еврото го одржува единството на ЕУ
Стравот дека би можеле да останат без единствената европска валута е единствената причина што ги тера народит�� на стариот континент да останат во заедничкиот дом наречен ЕУ, оценува московскиот весник „Росискаја Газета“.
Но, и најголемите еврооптимисти, како што е луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер се повеќе стравуваат дека „мрачното сценарио за крах на еврото“ би можело да стане реалност, наведува весникот, нагласувајќи дека ниту Јункер не дава гаранции дека единствената европска валута ќе опстане по секоја цена.
- Бирократите во Брисел традиционално ги заплашуваат жителите на стариот континент со апокалиптичен развој на настаните при распад на еврозоната, што би довело до големи загуби во нејзините земји-членки, потенцира „Росискаја Газета“.
Сепак, весникот признава дека еврото „можеби е единствениот успешен проект на обединета Европа“, во услови кога бирократите со децении им ставаат „брачни окови“ на европските народи, што води кон растечкиот отпор на различните европски нации.
- Белгиските каминонџии ги блокираа патиштата во знак на протест против практиката на транспортните компании да ангажираат возачи од други земји на ЕУ, како Бугарија и Полска, за многу пониск�� плати. Жителите на Софија пак се гневни затоа што преку интернет не можат да купуваат стоки произведени, на пример, во Германија, затоа што тамошните продавачи не сакаат да испраќаат производи во Бугарија. Грчките националисти упаѓаат на пазари, каде според нив работат имигрантите и на тој начин им го јадат лебот на локаните жители, пишува „Росискаја Газета“.
Весникот оценува и дека постојаните протести во Италија, Грција, Португалија... се резултат на незадоволство од владините економските политики, кои ги диктираат бирократите во Брисел.
- Европските народи јасно доставија до знаење дека не се согласни засекогаш да останат во еден дом во кој богатите ќе си кратат од себе за да ги помагаат сиромашните, а сиромашните ќе сакаат да живеат богато без притоа да се обидат да ја смената својата економска конјуктура. Напорите Европејците да се претворат во еден „наднационален“ народ, остануваат безуспешни, заклучува „Росискаја Газета“. |