30.09.2012, 18:45 Се омажи ѕвездата од „Ѓаволот носи прада“
Актерката Ен Хатавеј се омажи за својот колега Адам Шулман, со кого се сврши пред една година. Церемонијата се одржа во Биг Сур, каде што порано се венчаше и Натали Портман
Венчаницата на Ен Хатавеј го носеше потписот на познатиот моден дизајнер Валентино, а на главата имаше долг превез од тантела.
Ен Хатавеј изјави пред неколку месеци дека поради работните обврски, нема да има време за свадба до следната година.
„Многу сум зафатена. До крајот на годината треба да ми излезат два големи филма, така што не можам да мислам на ништо друго“, рекла тогаш актерката. |