01.10.2012, 16:51 Попов дебитира за ВБА, Хасани за Волфсбург
Левиот бек Попов ги одигра сите 90 минути за Вест Бромвич Албион во „битката за Бирмингем“ со Астон Вила, меч од шестото коло во Премиер-лигата, кој заврши нерешено 1:1
Македонските фудбалски репрезентативци Горан Попов и Ферхан Хасани конечно дебитираа за своите екипи во првенствени натпревари. Левиот бек Попов ги одигра сите 90 минути за Вест Бромвич Албион во „битката за Бирмингем“ со Астон Вила, меч од шестото коло во Премиер-лигата, кој заврши нерешено 1:1 и во кој ВБА беше гостин. Хасани, пак, дури во втората сезона за бундеслигашот од Волфсбург заигра на лигашки дуел, во кој тимот на Феликс Магат како домаќин загуби со 2:0 од Мајнц на Николче Новески.
Од репрезентативците забележителни настапи викендот имаа Бобан Грнчаров и Горан Пандев. Дефанзивецот Грнчаров беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во Гоце Делчев од седмото коло на бугарскиот шампионат, во кој неговиот Ботев го совлада домаќинот Пирин. Пандев беше стартер и помина 65 минути во игра на гостувањето во Џенова, каде што Наполи ја совлада Сампдорија со 1:0. (Р.Д.)
|