30.09.2012, 18:08 Кај браќа пронајдени над 2.000 куршуми
ГОСТИВАР - Двајца браќа од Дебар се осомничени дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали. Во попладневните часови, во петокот, со патничко возило „голф“ се движеле по регионалниот пат Дебар - Маврови Анови. Во непосредна близина на „Жировничко анче“, биле запрени од полициски службеници на ПС за граничен надзор од Жировница.
При прегледот на возилото, пред совозачкото седиште биле пронајдени три торби во кои се наоѓале четири лимени сандаци со 2.170 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 мм од кинеско производство со долго зрно.
Постариот брат, 26-годишниот Г.Б., се обидел да избега, а помладиот Ф.Б., кој го управувал возилото, ги фрлил торбите со куршумите покрај патот. Но, браќата набргу биле совладани од полициските службеници и пренесени во ПС во Гостивар. Завчера беа изведени пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој им одреди притвор во траење од 48 часа. (К.К.) |