Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
30.09.2012, 18:13

Ќе се градат сноуборд- паркови, хотели...

Владата донесе одлука да инвестира во планинските туристички центри

Владата ќе го развива планинскиот туризам. Таа донела одлука да почне проект за инвестиции во планинските туристички центри, како и изградба на нови сместувачки капацитети со планинска конотација. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, на вчерашниот прес рече дека вака ќе се создадат услови за поголем развој на планинскиот туризам, со што ќе се зголеми локалниот економски развој на општините и ќе се отворат нови работни места.

Во рок од триесет дена од денес, општините Кочани, Берово, Крушево и Делчево треба да распишат постапки за отуѓување градежно земјиште сопственост на државата, по пат на јавно наддавање за сите наведени локалитети. „Во првата напредна фаза се опфатени Пониква, Кочани, Етнопарк „Берово“ и Беровско Езеро, Крушево и Голак, Делчево, за кои ќе се распише постапка за отуѓување на земјиште, а во два од нив, Пониква и Крушево, ќе се инвестираат и 140 милиони денари за изградба на нови атрактивни спортски содржини“, рече Ѓорѓиев.

За Пониква, на конкретната локација се предвидени 135 викенд-куќи и 12 комерцијални објекти и спортски терени. Комплексот, информира тој, е на површина од 20.000 квадратни метри, опкружен со шуми и пасишта, а до локацијата веќе е изграден пристапен асфалтен пат, обезбедена со вода и електрична енергија, и се наоѓа на надморска височина од 1.580 метри, во близина на ловниот резерват Осогово. За Берово е предвиден туристички комплекс „Етнопарк - етносело“, на површина од 53.500 квадратни метри, од кои 30 проценти се наменети за градби.

„Владата одлучи да започнат инвестиции во спортско-туристички содржини во туристичките центри Крушево и Пониква, Кочани. На истите овие локалитети ќе бидат изградени најмодерни сноуборд-паркови според сите светски стандарди, кои ќе опфаќаат изградба на специјализирани долги и кратки патеки, со соодветни препреки карактеристични за сноубординг, сноуборд-патеки и рампи“, рече портпаролот Ѓорѓиев. За таа цел, ќе се изградат резервоари за создавање вештачки снег што ќе овозможи користење на патеките независно од климатските услови, а во лето резервоарите ќе може да се користат како извор на техничка вода за граѓаните и компаниите. „Постапката за проектирање е веќе завршена, а во тек е постапката за избор на економски оператор за градба. Во следната недела ќе се почне со градба на сноуборд-паркот и патеката на Пониква, а следната ќе се почне со градба во Крушево“, изјави портпаролот на Владата и додаде дека доколку бидат поволни временските услови, се очекува уште во текот на оваа зимска сезона инвестициите да бидат завршени и да почнат да се користат. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 1802 пати.


Испрати коментар



Бројки
Фирмите ќе плаќаат пониска претплата за фиксен телефон
Скапотијата се' посилно гризе, во септември инфлација од 5,3 отсто
Дигитална агенда
Порибено Дебарско Езеро
Отворен Светскиот салон за автомобили, вработените протестираа
Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ за Детската клиника
Само со увоз можеме да се прехраниме



Smeshko belko, 01.10.2012 01:03:38
A dali Vladata ke investira i vo Smeshi Belki?
jovan, 01.10.2012 01:35:00
I turizmot moze da bide granka koja moze na Makedonija da i donese zarabotuvacka no i da zacuva devizi(da ne odat nasi na wikend vo Grcija, Bugarija).Sega iskomentirav nesto za zemjodelieto i napisav deka ako se razvie, vo Makedonija nema da ima nezaposlenost, no i turizmot kako granka moze da zaposli ogromen broj luge i da nosi profit. Etno turizam, eko turizam, banji(ima a ne iskoristeni, pa nasi na wellness odat vo Slovenija).Ogromen broj imoti propagaat, a luge bi se vratile tamu i bi gi obnovile za etno/eko turizam, so nekoj propratni atrakcii(vinogradi, ribnici, ovostarnici, plastenici, bacila) kade turistite sami bi si berele(za toa ke si platat/nesto kako vo canada/, bi dozivelae nesto neobicno vo etno/selski stil. Treba motivacija i organizacija. Za toa treba doprinos da dade drzavata, a investiciite neka si investiraat biznismenite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   
Што прават



Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -2°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФOTO) Двегодишнина од египетската револуција
Масовните протести почнаа на 24 јануари 2011 година со кои Мубарак беше принуден да ја напушти власта...
(ИНТЕРВЈУ) Кумановските уметници го заживуваат цртежот
Историчарот на уметноста, Роберт Цветковски говореше во Кавадарци, каде што изложуваат уметници од Куманово, за црт...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |