24.09.2012, 21:24 Аврамопулос не изјавил дека Македонија нема претензии кон Грција
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
АТИНА - Шефот на грчката допломатија Димитрис Аврамопулос на средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски истакна дека работите меѓу двете држави би биле подобри доколку македонската влада покаже поголема почит кон прашањата од историско и културно значење кои се чувствителни за грчкиот народ.
На средбата која за Аврамопулос беше прва средба за запознавање и неформална соработка, грчкиот министер за потенцирал содржината на писмото на Самарас испратено до Груевски за тоа како се одвиваат односите меѓу двете држави за да се дојде до решение на спорот за името.
Било потенцирано дека Грција ги има направено потребните чекори од нејзина страна. Особен акцент бил ставен на тоа каква опасност претставува негувањето национализам и популизам во регионот.
Портпаролот на грчкото МНР негираше дека станало збор за било какви територијални претензии. „Ова е неточно и непостоело такво мислење“, истакна Делавекурас, кој смета дека оваа вест пренесена од македонските медиуми е тактика са внатрешна употреба и не покажува расположение за решение.
|