25.09.2012, 16:26 Меѓународно признание за Заев за гасификацијата на Струмица
За проектот за гасификација на Струмица, кој е во завршна фаза, градоначалникот Зоран Заев го доби признанието „Чувар на огнот“.
На струмичкиот градоначалник наградата му ја додели германската компанија „Вајсхаупт“ за визијата и за реализацијата на овој проект.
Наградата му беше доделена на денешното одбележување на Денот на оваа германска компанија, кој се одржа во Струмица, а традиционално се одржуваше во Скопје. (С.Т.)
|