24.09.2012, 12:05 Шарлиз Терон повторно вљубена
Холивудската ѕвезда е на седмото небо поради љубовта со актерот Ерик Стоунстрит, кој е познат по улогата на хомосексуалецот Камерон Такер во серијата „Модерно семејство“
Шарлиз Терон (37 години) повторно љуби! Откако во 2010 година ја прекина деветгодишната врска со ирскиот актер Стјуарт Таузенд, за врските на убавата Јужноафриканка само се претпоставуваше. Така ја поврзуваа со принцот Хари, а спекулациите за врската со колегата Кијану Ривс редовно ги полнеа медиумите.
Но сега, тврдат изворите, холивудската ѕвезда е на седмото небо поради љубовта со актерот Ерик Стоунстрит, кој е познат по улогата на хомосексуалецот Камерон Такер во серијата „Модерно семејство“.
Ериј (41) неодамна ја раскина долгогодишната врска со Кетрин Токарз, а Шарлин ја запознал преку заеднички пријатели на почетокот од годинава.
-Шарлиз и Ерик беа многу добри пријатели, но искричките меѓу нив се распламтија – вели извор близок на актерката. Се јавуваат и други пријатели кои тврдат дека актерката ја маѓепсало тоа што Ерик има одлична смисла за хумор.
Во средината на март, Шарлиз ја оствари долгогодишната врска и стана мајка. Како самохран родител таа го посвои синот Џексон за кој во подоцнежните интервјуа истакнуваше дека е најважниот маж во нејзиниот живот и дека не може да замисли ден без него. Како најважниот маж во нејзиниот живот ќе се согласува со најновиот маж во животот, останува да се види.
|