Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.09.2012, 17:52

Антички теракотни фигурини во Скопје

Над 200 фигурини, кои во мај беа премиерно претставени во Рим, се изложени во Музеј на Македонија

Катерина Богоева

Со изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“, која премиерно во мај беше презентирана на манифестацијата „Македонија во чест на светите браќа Кирил и Методиј“ во Рим, вчера во Музејот на Македонија беа отворени 17. Европски денови на културното наследство, кои во земјава со различни активности ќе бидат одбележани до крајот на месецов.

Повеќе од 220 фигурини пронаоѓани на археолошките локалитети: Стоби - Градско, Исар Марвинци - Валандово, Дебој и Горна Порта - Охрид, како и на Вардарски Рид - Гевгелија, а потекнуваат од архајскиот, раноантичкиот, македонско-хеленистичкиот и раноримскиот период се изложени во повеќе музејски витрини. Од застапените теми, најголемиот број се претстави со женски фигурини, потоа антропоморфни, но и зооморфни претстави кои се однесуваат на митолошко-религиозните верувања, а дел и на теми од секојдневното живеење на населението. Ова ликовно обликување на религиозните верувања, како што напоменуваат авторите на изложбата, може да се открие и преку изборот на божествата кои ги почитувале и кои можат да се идентификуваат преку нивните претстави, како: Дионис, Деметра, Кибела, Афродита, Асклепиј, Телесфор и други. „Многу од овие култови се автохтони, кои својата појава и развиток ги имаат од праисторијата, како култовите на Дионис и Деметра, но и продирањето на нови ориентални култови како Кибела, фригиската мајка на боговите и господарка на природата, што секако се должи на економските и културните релации со останатиот свет“, велат авторите.

Откриените теракотни фигурини покажуваат локални вредности и претставуваат дела на локални мајстори (што се потврдува преку откриените калапи), кои идеите ги црпеле од големите уметнички центри, но вметнувале и свои вредности, кои претставуваат нов уметнички дострел во културниот и религиозниот живот во Република Македонија. Голем дел од презентираните фигурини се откриени за време на капиталните археолошки истражувања во изминатите неколку години, а во музејската продавница на Музеј на Македонија веќе се продаваат копии од неколку изложени претстави.

Автори на изложбата, која се смета за уште еден придонес кон вреднувањето на културното наследство од античкиот период, откриено на територијата на земјава и која ги отсликува духовно-религиозните вредности и историските моменти кои имале одраз и овој ден на нашето културно наследств��, се археолозите Златко Видевски, раководител на археолошкиот оддел при музејот, и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Во конципирањето учествувале и стручните соработници, директорката на НУ „Стоби“, Силвана Блажевска и археологот Емил Славков од НУ Музеј од Гевгелија.

За директорот на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски, оваа презентација на изложбата претставува своевиден пример за добра тематска изложба, а Златко Видески напомена дека веќе течат преговори за нејзино гостување во Археолошкиот музеј во Загреб. Годинава изложбата ќе биде презентирана во Охрид и во неколку други градови кои имаат добар галериски простор.

Манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ се реализира во повеќе земји, а денеска во Македонија меѓу другото ќе се одвиваат и следните настани: презентација на тема „Процесот на конзервација на движниот археолошки материјал од локалитетот Коколов Рид - Виничка Кршла“ во музејот „Теракота“ во Виница; посета на Лешочкиот манастир и предавање за манастирот, во организација на Музејот на тетовскиот крај во Тетово; едукативно предавање и презентација на тема „Културното наследство на Кочанско“, проследени со ликовен преформанс на учениците на детската ликовна школа во библиотеката „Искра“ во Кочани, во организација на Музејската збирка од истиот град. Утре во Музејот на град Неготино ќе биде отворена и изложба на фотографии на Јанош Ејферт.


Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар



Изложба на Игор Јосифов во МСУ
Промоција на ДВД „Мајки“ на Милчо Манчевски
Три претстави и дебата за независниот театар на МОТ
Срам
Дела на Сергеј Дамовски во „Галерија 8“
Студентите по танц со претстава ја почнаа академската година
Македонските музичари освоија „Еми“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)
Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
Култниот австралиски бенд одржа величeствен концерт во амфитеатарот „Earth“ во Солун...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |