Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.09.2012, 18:12

Груевски фрли на маса изборни адути

Настапот на премиерот подгреа сомневањата дека се можни општи избори во март следната година

Александра М. Митевска



Премиерот Никола Груевски ги фрли на маса најсилните карти, во неделата попладне, кога се обиде да ги омекне стопанствениците, најавувајќи дека Владата ќе се задолжи за да го врати долгот кон фирмите, до февруари следната година. Исцрпниот говор на премиерот не им беше наменет само на бизнисмените. Тој зборуваше речиси еден и пол час, посочувајќи конкретни рокови и најавувајќи поволности и за пензионерите, социјално загрозените, за администрацијата... Сите тие ќе можат да ги почувствуваат новите владини чекори за кои зборуваше премиерот во почетокот на следната 2013 година, која во политичкиот календар е запишана како изборна година.

Познавачите на прилики се согласуваат дека ова не е обичен настап на Груевски и дека мерките што ги најави, всушност, се дел од неговите изборни ветувања. Средбата со стопанствениците беше помпезно изведена, а говорот на премиерот директно се пренесуваше преку националната телевизија.

На помалку од шест месеци пред редовните локални избори, македонскиот премиер им вети на стопанствениците враќање на ДДВ и плаќање на фактурите, на пензионерите повисоки пензии, на социјалните случаи зголемување на помошта од државата, а на чиновниците им порача да не стравуваат од отпуштање и намалување на платите.

„И покрај сериозните предизвици со кои се соочуваме, Владата ќе го реализира зголемувањето на пензиите и на социјалната помош од пет отсто, почнувајќи од март, додека зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе се одложи за една година поради кризата. Во 2013 година нема да дозволиме масовни отпуштања од администрацијата, ниту намалување на платите, нема да се зголемат даноци, инфлацијата ќе биде ниска, субвенциите на земјоделците не само што нема да се намалуваат туку и ќе растат, банкарскиот сектор и денарот ќе останат стабилни“, рече Груевски.

Со тоа премиерот ги лоцираше целните групи што сака да ги придобие пред изборите. Станува збор за популација од повеќе стотици илјади гласачи, во која покрај бизнис-заедницата и вработените во приватниот сектор, влегуваат и околу 270 илјади пензионери, неколку десетици илјади социјалци и над 120 илјади адимистративци.

Според опозицискиот СДСМ, Македонија не може да оди напред со премиер и влада кои ја кријат вистинската состојба од народот и само даваат ветувања што не ги исполнуваат. После шест години, велат од СДСМ, н��родот веќе се умори од едни исти празни ветувања. „Обраќање на премиерот беше задоцнето, контрадикторно и неискрено“, оцени вчера Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Од ВМРО-Народна партија, пак, оценија дека настапот на Груевски бил еуфоричен, и покрај тоа што најавил работи кои се тековна и законска работна обврска. „Владата ќе позајми пари од надвор не за патишта, брани, мостови туку за плати, пензии, долгови. Буквално, ја задолжуваат државата надворешно за да раздолжуваат дел од внатрешниот долг“, велат од партијата на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.

За поранешниот премиер Владо Бучковски, пак, нема дилеми дека Груевски во неделата даде едно од поголемите изборни ветувања. Секој потег на Груевски во изминатите шест години, според Бучковски, е пресметан и премиерот е во постојана кампања.

„Тој секогаш е чекор или два пред опозицијата. Свесен е дека бизнис-заедницата му е лута и дека повратот на ДДВ е голем проблем, па најави негово решавање. Груевски се обраќаше пред бизнис-елитата и сега мора да го исполни ветувањето. Владата ја има под контрола администрација, во постојана љубов е со синдикатите, а сега ќе се обиде да ги придобие и бизнисмените“, вели Бучковски.

Тој посочува дека роковите што ги спомена Груевски се совпаѓаат со локалните избори, но вели дека не се исклучени и предвремени парламентарни избори.

„Груевски можеби праќа порака дека заедно со локалните може да се реализираат и предвремени парламентарни избори, бидејќи ветувањата што ги даде излегуваат од опфатот на локалната власт“, вели Бучковски.

Локалните избори во редовен термин треба да се одржат во март следната година. Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, пак, ја наметнаа можноста за нови предвремени парламентарни избори, како една од опциите за излез од владината криза. Всушност, идејата за локални и предвремени избори во пакет ја наметна опозицијата во почетокот на разногласијата во Владата, посочувајќи дека би било нелогично да има вонредни избори на неколку месеци пред редовните локални.

Во меѓувреме, во Собранието почна расправата за измените во Изборниот законик согласно со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, кои, меѓу другото, советуваат во текот на кампањата партиската функција да се одвои од државната, односно државната функција, во тој период, да се извршува само на техничко ниво.


Статијата е прочитана 3699 пати.

Испрати коментар



Нимиц ги мери следните чекори
Недопишан изборен законик слета во парламентот
Грчката амбасада не е на распродажба
Фирмите ги чекаат парите
Ставрески
Џафери пишува, преведувачот чита
Пратеникoт ветеран го напушти парламентот



девичанецот, 25.09.2012 08:08:06
Сепак, изгледа во март ќе се исполни желбата на пензионерот Б.Ц. да изгуби истовремено на два фронта.
toni, 25.09.2012 09:02:17
gujo ne go lazi narodot Makedonski,procitan si vekje,narodot ne ti veruva,odisi vekje ednas od ova nasa drzava,Makedonija povekje nemoze da te izdrzi,ja unisti drzavata.
Jovana, 25.09.2012 09:30:55
Dali e antikrizna merka vrakanjeto na ddv-to na firmite? NE E! Toa e neshto koe e regulirano so zakon i so ogled na toa sto ne e izvrsuvano, znaci deka ne e pocituvan zakonot! Koj ke odgovara za toa? Dzabe sega ke im go vrakaat DDV-to koga stopanstvoto e veke totalno propadnato. Zoran Jovanovski od sdsm celo vreme im kazuva da prezemat merki i navremeno da si go servisiraat dolgot kon kompaniite, ama dzabe im zboruva-oni si gradat spomenici, vrbi, splavovi...a ekonomijata tone, siromastijata se zgolemuva, nevrabotenosta raste...
Трпе, 25.09.2012 09:51:39
Само на ваков начин може да опстојува ова пропагандна власт.Од волната што го стриже народот,профитот го дели на два дела.За лична ��воина и за купување гласачи.Откако се дојдени на власт 2006 година ова гарнитура за цело време е посветена на предизборна кампања.Со народните пари и лажен патриотизам народот го стриже до гола кожа.Се плашам овој народ да не остане и келав.
Za penziite i zgolemuvanjeto, 25.09.2012 11:25:52
Penziite da ne se zgolemuvaat procentualno, posebno ne kaskadno, nego linearno so ednakov iznos za site paenzioneri, npr. po 500 denari, i se taka dodeka toj soodnos ne se svede na podnoslivi 1:3 i da nikogash povece ne izlegne od tie ramki. Plus, najgolemata penzija da iznesuva maksimalno do 1 (edna) prosechna plata, a ne kolku shto e momentno. Penziite treba da sluzat za prezivuvanje, a platite se tie koi treba da bidat kreativni i stimulativni. Toj shto saka i vo penzijata da zivee na visoka noga i ponatamu da mu se poklonuvaat, neka si shtedi sam.
acko, 25.09.2012 13:04:27
Samo glup moze da poveruva vo ova sto go kaza pastirot,a vremeto ke dokaze deka laze kako za osumte milijardi investicii pa posle bea dve...........A branko se vraka sakal devicanecot ili ne sakal blagodarenie najmnogu na ovie ovcarive sto sega se na vlast......
сузе, 25.09.2012 13:38:31
Повторно народот ќе се лаже со вреќа бра��но,бидејќи претходно е доведен до питачки стап.Овде важи народната ЕМ ТЕ ТЕПА ЕМ НЕ ТИ ДАВА ДА ПЛАЧЕШ!
razocarana, 25.09.2012 16:10:56
jas ke glasam uste deset god za Grujo zosto malku mu e izgleda na ovoj narod...treba uste sto stapa po grbot da dobie od ovaa vlast,pa posle moze ke se opameti ovoj narod...
dedo mitre, 25.09.2012 18:48:27
Grujco neka se zadolzuva vo stranstvo do besvest za da moze da gi plaka da laat kako ovoj devicanecot.Abe slepco neli citas deka se zadolzuva so novi 250 milioni evra koj ke gi vraka sigurno ne tvojot grujo,cukni ja toa glavata.A za penziite neka gi zgolemuva ne linearno tuku koj kolku si plakal za penzija tolku neka mu se zgolemuva istata.pomina vremeto na linearkata toa bese vo socijalizmot sega se nekoi drugi vreminja.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |