Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.09.2012, 17:12

Пратеникoт ветеран го напушти парламентот

Љубисав Иванов-Ѕинго, по 22 години собраниски стаж, реши да замине во пензија

Александра М. Митевска



Љубисав Иванов-Ѕинго, македонска политичка легенда од Кратово и долгогодишен лидер на Социјалистичката партија, заминува од парламентот, по 22 години извршување на пратеничката функција во плурализмот, а претходно и како делегат во еднопартискиот систем.

Иако во една пригода изјави дека додека е жив ќе биде пратеник, Иванов деновиве реши да се повлече и на 76-годишна возраст да замине во пензија, прекинувајќи го седмиот мандат во македонскиот парламент.

Неговата оставка стигна во Собранието, кое на следното заседание ќе треба да констатира дека завршува мандатот на Иванов, по што неговото пратеничко место ќе го заземе Марија Рашковска (28) од Берово, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, инаку актуелна заменик-директорка на Државниот испитен центар и пратеничка во претходниот мандат. Со тоа Социјалистичката партија, како партнер во владејачката коалиција, ќе остане со пратеник помалку, односно нејзините бои во законодавниот дом сега ќе ги бранат само Малиша Станковиќ и Владанка Авировиќ.

Последните неколку месеци, Иванов воопшто не беше присутен на јавна сцена, ниту, пак, се појавуваше на собраниските седници и на седниците на комисиите во кои членува. Тој вчера, во телефонска изјава, ни рече дека е дома и дека закрепнува од операција на ногата. На прашањето дали поднел оставка од пратеничката функција, само кусо одговори: „доста беше“. Иванов одби да коментира зошто се повлекува од парламентот и дали тоа значи дека заминува и од челната позиција во СПМ. Негови сопартијци, пак, тврдат дека Иванов си оди од пратеничкото место од лични причини, но дека останува на партиското кормило, каде што дојде во 1995 година, по што постојано беше реизбиран на позицијата.

Во политичките кулоари, покрај влошената здравствена состојба на Иванов, како причина за неговото заминување се споменува и сопственоста над ТВ Сител. Односно дека Иванов се одлучил за телевизијата откако се нашол во ситуација да избира меѓу неа и пратеничката функција, поради проектот на Советот за радиодифузија за отстранување на политичките влијанија од бизнисот со електронските медиуми.

Пратеничкиот стаж на Иванов, несомнено, е за Гинис. Партиципираше во сите парламентарни состави, почнувајќи од 1990 година, по првите повеќепартиски парламентарни избори. Претходно, долги години како делегат учествувал во работата на еднопартиското Собрание. Во едно интервју раскажа дека влегол во законодавниот дом во 1968 година и дека оттогаш е таму без прекин. Бил делегат во тогашниот федерален Собор на народите, а на републичко ниво ги поминал сите собори - републичкиот, на производителите и на општините. Тој претседаваше со првата седница на актуелниот пратенички состав, како најстар пратеник, по заминувањето на Стојан Андов.

И покрај долгата политичка кариера, никогаш не учествувал во извршната власт, но редовно беше критикуван од политичките противници поради улогата во транзицијата и големото влијание што го има во Кратово. Едно време беше мошне влијателен и во спортот, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија и спонзор на фудбалскиот клуб „Силекс“.

Во првата декада од независноста и плурализмот, Иванов тесно соработуваше со СДСМ и со Бранко Црвенковски, но нивната коалиција се распадна бргу по првиот изборен пораз на социјалдемократите, а од 2002 СПМ влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која се' уште трае. На забелешките дека станува збор за непринципиелна коалиција, поради левичарската идеолошка ориентација на социјали��тите, Иванов, најчесто, одговара дека повеќето војводи од историското ВМРО биле социјалисти.


Статијата е прочитана 1365 пати.

Испрати коментар



Нимиц ги мери следните чекори
Недопишан изборен законик слета во парламентот
Грчката амбасада не е на распродажба
Груевски фрли на маса изборни адути
Фирмите ги чекаат парите
Ставрески
Џафери пишува, преведувачот чита



jovan, 25.09.2012 00:06:37
Ima mnogu da se pisuva za ovoj covek, no veke e kasno, bidejki covekot se povlekuva od zdravstveni pricini.
albert, 25.09.2012 00:59:01
Шуќур што му текна. Овој е дефинитивно најрасипаниот и најмизерниот политичар во Македонија. Рамковски е ангел наспроти него.
ФЕЛИКС, 25.09.2012 07:15:00
Да не има нешто тука околу фамозните 61 пратеник на македонскиот дел од власта.Им фалат уште 4 пратеника да се одкажат и ете го посакуваниот скор во парламентот.Како идат работиве ништо од желбите на шашардисаните Шатевци од техничка влада или онаа весела идеа за ново парламентарно мнозинство без 57 пратеника на македонскиот дел од власта.
Трпе, 25.09.2012 09:35:33
Чиста мангупска работа.Помеѓу собранието и тв Сител ја одбрал телевизијата.Собранието од него немаше никаква ќар,имаше повеќе штета.Телевизијата повеќе ке помага на власта на штета на народот.Тој и неговото семејство ќе продолжат да профитират преку телевизијата.А тој ке плака и гревови ако не тој лично го задолжува семејството.
сузе, 25.09.2012 13:52:27
Пореално е да се каже дека се повлекува од личен интерес за да си ја задржи телевизијата,бидејќи како стар волк во политиката проценил дека на ова парламентарно мнозинство му се гледа крајот!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |