Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.09.2012, 15:31

Македонските музичари освоија „Еми“

„Македонскиот филмски оркестар“ кој ја изведе и сними музиката на Хавиер Наварете за филмот „Хемингвеј и Гилхорн“ ја заслужи наградата „Еми“ за најдобра музика за драма

Музиката на композиторот Хавиер Наварете за филмот „Хемингвеј и Гилхорн“, која целосно беше изведена и снимана од македонските музичари на „Македонски филмски оркестар“ во студиото М2 во МРТВ, ја освои наградата „Еми“ за најдобра музика за филм во категоријата драма.

Доделувањето на наградите „Еми“ беше одржано синоќа, на 23. септември, во Лос Анџелес и претставува најзначајна светска награда од областа на играната телевизиска продукција.

- Доделувањето на наградите „Еми“ е на 23. септември, а музиката на Хавиер Наварете за филмот „Хемингвеј и Гелхорн“ е номинирана за најдобра музика, која ние ја снимавме. Наградата секако би била за композиторот, но и ние, како музичари многу ќе добиеме. Веќе и други композитори ни велат: „Штом сте добри за Наварет, сигурно сте одлични“ - изјави неодамна шефот на Македонскиот филмски оркестар, Олег Кондратенко за интервју во „Утрински весник“

Филмот „Хемингвеј и Гилхорн“ со Клајв Овен и Никол Кидман во главните улоги, во режија на Филип Кауфман ја обработува приказната за бурниот трети брак на нобеловецот за книженост Ернест Хемингвеј и славната американска воена репортерка Марта Кауфман.

Марта е една од неговите четири сопруги, единствената која побарала развод од него и која го инспирирала да ја напише „За кого бијат камбаните“. Во филмот се појавуваат и Моли Паркер, Дејвид Страјтхарн и Роберт Дувал. Драмата премиерно беше прикажана на 28 мај на програмата на ХБО.

Дејството започнува во 1936 година кога двојката за првпат се сретнува барот „Ки Вест“. Тој е познат писател, а таа воен репортер. Тие, повторно налетуваат еден на друг во Шпанија, каде што ја „покриваат“ шпанската граѓанска војна. Престојуваат во истиот хотел на истиот спрат, а за време на бомбашки напад се наоѓаат заглавени во истата соба. Исплашени за своите животи, страста ги надвладува... Стануваат љубовници, а во Шпанија остануваат до 1939 год. Во 1940 година Хемингвеј се разведува од втората сопруга за да може да се ожени со Марта. Во 1945 година таа побара развод од Хемингвеј...(Ј.П.)


Статијата е прочитана 662 пати.

Испрати коментар



Денови на македонската култура во Украина
Промовирано ДВД изданието на филмот „Мајки“
(ФОТО) Катарина во нова, суперсекси зимска колекција
Изложба на Игор Јосифов во МСУ
Мал драмски театар од Битола победник на „Експонто“ во Словенија
Три претстави и дебата за независниот театар на МОТ
Антички теракотни фигурини во Скопје
Изложба на антички теракотни фигурини
Студентите по танц со претстава ја почнаа академската година
Шарлиз Терон повторно вљубена
Жесток и импресивен старт на МОТ
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
„Огнена топка“ на небото над Велика Британија
Почна „Октоберфест“ во Минхен
„Границата“ и „Војцек“ викендов на МОТ
Златна „Камера 300“ за Јоланта Дилевска од Полска
Концерт на Сашко Костов и „The Waiting Waits“ вечерва во „Хавана“
Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун
Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)
Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
Култниот австралиски бенд одржа величeствен концерт во амфитеатарот „Earth“ во Солун...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |