Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
22.09.2012, 14:05

„Границата“ и „Војцек“ викендов на МОТ

Во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“ викендов ќе можат да погледнат претстави со сосема различен сензибилитет

Викендов во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“, љубителите на театарот и филмот ќе можат да погледнат претстави со сосема различен сензибилитет. Вечерва во Младинскиот културен центар во 20 часот ќе биде репризирана претставата од отворањето „Пред ваши очи“, а од 22 часот е норвешката „Границата“ по текст, режија, кореографија, сценографија и костими на Јо Стромгрен. Во претставата играат двајца актери, односно маж и жена кои делат работни простории. Доблесно, си нудат заемно почитување, но под површината се крие војна, бидејќи вклучува откривање на емоционални зависности: еден кон друг, кон играта како таква, или кон злобната мешавина на двете како што обично се случува меѓу двата пола. Но, темата е суштински универзална. Граничните конфликти постојат насекаде.

Инаку, продукцијата е резултат на соработката меѓу „Јо Стромгрен компани“ и еден од најсеверните институционални театри на светот „Халогаланд театер“ во Тромсо, Норвешка.

Во рамките на придружната програма на МОТ, пак, насловена „Кино/ театар“, на полноќ во МКЦ ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Уште еден куршум“ во режија на Маркус Фишер, музичка балада, мелодрама танцувана со задршка во анонимен град ноќе или две места за средби: џез-бар и стар хотел, или страстна средба меѓу музичар и проститутка... По него ќе биде прикажан белгискиот танцувачки филм „Розас Данст Розас“.

В недела МОТ се сели во Универзална сала, каде што во 20 часот ќе биде изведена украинската „Војцек“ на Андреј Жолдак. И оваа, како и останатите претстави на Жолдак претставува жесток, премногу жесток свет, кој ја испитува човечката издржливост (телото, мозокот, жилите и тетивите, неговите чувства и неговата душа). Може ли да се остане човек во нечовечни услови - тоа е главна тема на овој талентиран, но крајно неурамнотежен режисер, поразувајќи го гледачот со сценските решенија, а потоа фрлајќи го во мачен театарски ракопис. Инаку, социјалната драма „Војцек“, зачувана во фрагменти како последно дело на Бихнер, до ден денес е актуелна, а нејзиното значење за театарот се огледува во безбројните постановки. Фигурата на Војцек, кој од љубов кон својата девојка и вонбрачното дете станува играчка на авторитетите, а на крајот дури и убиец, постојано буди голема фасцинација кај режисерите, уметниците и театарџиите од целиот свет.

На придружната програм�� в недела во МКЦ на полноќ, ќе биде прикажана „Пекол, чистилиште, рај“ во режија на Ромео Кастелучи, која ќе биде изведена и в понеделник и во вторник на истото место во исто време. Претставувајќи ја низ три засебни настани - Пекол, Чистилиште и Рај, Ромео Кастелучи го расклопува, експонира и го трансформира епското дело на Данте во вистински преживеано искуство. (Т.И.)


Статијата е прочитана 184 пати.

Испрати коментар



Изложба на антички теракотни фигурини
Македонските музичари освоија „Еми“
Студентите по танц со претстава ја почнаа академската година
Шарлиз Терон повторно вљубена
Жесток и импресивен старт на МОТ
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
„Огнена топка“ на небото над Велика Британија
Почна „Октоберфест“ во Минхен
Златна „Камера 300“ за Јоланта Дилевска од Полска
Концерт на Сашко Костов и „The Waiting Waits“ вечерва во „Хавана“
Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун
Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |