24.09.2012, 12:31 Пелистер ја „реновира“ Ренова
Битолчани славеа со 3:1 против освојувачот на Купот во седмото коло
Фудбалерите на Пелистер ја забележаа својата трета победа во четвртиот одигран натпревар на домашен терен сезонава, совладувајќи го освојувачот на Купот на Македонија, Ренова, со 3:1. Два гола за битолчани постигна Главевски во 48 минута и во 75 мин., еднаш беше прецизен Димитровски во 54 мин., а почесниот погодок за гостите од Џепчиште беше дело на Андонов во 77 мин. Со новите три бода пелистерци се позиционираа во средината на табелата.
Тоа што требаше да биде дерби во Кратово меѓу трикратниот македонски првак Силекс и бранителот на титулата Вардар заврши без голови, но „црвено-црните“ останаа на чело на табелата благодарение на ремито исто така со почетниот резултат на второпласираниот Хоризонт Здравје со дебитантот Дрита во Боговиње.
Шкендија го доби локалното дерби со Тетекс со убедливи 4:1. Пред 6.000 гледачи на Градскиот стадион во Тетово за Шкендија погодија Положани во 19 мин., Ејупи во 40 и во 66 мин. и Неџипи во 58 мин., а за „штофарите“ Митревски во 30 мин. Голманот на Тетекс, Георгиевски, беше исклучен поради неспортски однос кон публиката. (Р.Д.)
Резултати од седмото коло: Дрита Хоризонт Здравје 0:0, Силекс - Вардар 0:0, Пелистер - Ренова 3:1, Шкендија - Тетекс 4:1, Металург - Напредок 3:2, Брегалница - Работнички 2:0.
Табела: Вардар 16, Хоризонт 14, Металург 12, Шкендија 11, Ренова 11, Пелистер 10, Брегалница 10, Работнички 10, Напредок 10, Дрита 8, Силекс 4, Тетекс 3.
Идно коло, 29/30 септември, 15 ч.: Хоризонт З. - Работнички, Напредок - Брегалница, Тетекс - Металург, Ренова - Шкендија, Дрита - Силекс, Вардар - Пелистер.
|