23.09.2012, 15:39 Нетси ќе играат во новата „Барклис арена“
Арена чинеше нешто повеќе од 100 милиони долари и има капацитет од 18.000 места
„Барклис арена“, новиот дом на тимот на Бруклин Нетс конечно дочека да биде отворена. Во петокот, тимот на Бруклин и официјално стана дел од спортското семејство на Њујорк. Нетси им се придружија на Никси кои се дел од НБА, Јенкис и Метс кој се дел од МЛБ, а оваа група ја комплетираат Џајантс и Џетс кои се дел од НФЛ професионалната фудбалска лига во САД.
Новата арена чинеше нешто повеќе од 100 милиони долари. Има капацитет од 18.000 места и во петокот беше пуштена во употреба. Сепак, официјалната промоција новата арена на Нести ќе ја има на 28 септември, кога ќе одржи концерт ултрапопуларниот Џеј Зи.
Навивачите кои ја посетија арената имаа можност да го видат новото лого и паркетот во салата. Тимот на Нетси е многу поразличен од останатите екипи во лигата, пред се' поради сопственикот, рускиот милијардер Михаил Прохоров, кој беше и главниот иницијатор на преселбата во Бруклин.
Вредно да се спомене е дека арената има проѕирен дел преку кој минувачите на улица ќе имаат можност да ги видат збиднувањата внатре во салата.
Бруклин Нетси се првиот професионален тим кој во последните 55 години имал седиште во тој дел од градот Њујорк. |