23.09.2012, 15:43 Мурињо најави враќање во Англија
Жозе Мурињо, уште еднаш јавно истакна дека по завршување на договорот со Реал Мадрид дефинитивно ќе се врати во Премиер-лигата
Предводникот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, уште еднаш јавно истакна дека по завршување на договорот со кралскиот клуб дефинитивно ќе се врати во Англија, поточно во Премиер-лигата.
Португалецот пред новинарите воопшто не криеше дека е „сино момче“, потврдувајќи дека нема да биде изненадување доколку потворно застане на кормилото на Челзи со кого во 2005 и 2006 година го освои шампионскиот трофеј во Премиер-лигата.
„Не би можел да го демантирам она што ми е кристално јасно во мојата глава. По завршување на договорот со Реал Мадрид сигурно ќе се вратам во Англија“, потврдува големиот Жозе Мурињо. На прашањето во кој тим тој би посакал да се придружи, тој мудро одговорил: „Јас сум сино момче, во Англија би можел да ги тренирам сите екипи бидејќи сум голем професионалец“, вели Португалецот чиј договор со тимот од Мадрид истекува во 2016 година.
Мурињо од таборот на Челси одлучи да замине поради големата кавга со сопственикот, Роман Абрамович. |