Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
20.09.2012, 18:38

Татран бара службена победа над Металург и 15.000 евра

Словенечката екипа Татран од раководството на Регионалната ракометна лига (СЕХА) побара службена победа над Металург поради тоа што македонскиот шампион не допатува на мечот од првото коло во Прешов. Покрај службените бодови, Словаците побараа и отштета од 15.000 евра поради загубена заработувачка од телевизиски права, продажба на влезници и слично.

Металург не отпатува во Прешов на мечот закажан за минатата сабота поради неможноста навремено да обезбеди авионски превоз по тукушто завршените квалификации за Лигата на шампионите во местото Рикин кај Осло. Тогаш раководството на клубот излезе со соопштение во кое стоеше дека официјалниот календар за новата натпреварувачка сезона го добиле на 7 септември, па за два дена не било изводливо да најдат авиобилети за голема група. Металург направи обид да го редуцира тренерскиот и играчкиот кадар на само 15 лица само да го реализира патувањето, но ниту тоа не им помогна.

Втората варијанта на која размислуваше управата на клубот беше автобуски превоз, но 20 часа патување до Прешов беа големо малтретирање за ракометарите во пресрет на скорашниот старт во Лигата на шампионите.

Барањето за одложување на мечот во Прешов македонскиот тим веднаш го испрати и до Словаците и до челниците на СЕХА-лигата, барајќи првиот дуел да го одиграат во Скопје кога Татран ќе му гостува Ловќен во Цетиње.


Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар



Минута аплауз за Воткинс во Сингапур
Јотовски во второто коло во Ниш
Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
МКД-кошарка
Јаневски ги подучува македонските тренери
Европскиот првак преголем залак за вардарки

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |