23.09.2012, 17:24 Стриптиз на сопствената свадба
Најпосле и актерот Сашко Коцев, еден од најпосакуваните ергени, си го смени статусот и официјално и' го подари срцето на Смиљана Бундовска
Најпосле и актерот Сашко Коцев, еден од најпосакуваните ергени, си го смени статусот и официјално и' го подари срцето на својата долгогодишна девојка Смиљана Бундовска. Се случи свадба! Всушност, по јавно, романтично запросување за време на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста 2012“, беше најавена и свадбата, која деновиве е топ тема, особено поради силното обезбедување што на веселбата и' даде уште помистична димензија.
Атмосферата на свадбата што се случуваше во Куршумли-ан ја направија Бендот на Тоше, потоа Кристина Арнаудова, Влатко Илиевски, ама и тамбурашите на Нино Величковски. Младоженецот самиот си ја отвори забавата, ги поздрави главните спонзори (неговите и родителите на Смиљана) и добрата атмосфера ги имаше сите предиспозиции да кулминира со разиграноста на гостите, меѓу кои, освен многуте доктори и докторки, инаку колеги на Смиљана, беа забележени и гостите од страна на Сашко - Дарко Митревски, Весна Петрушевска, Ванчо Петрушевски, Тони Михајловски, Емил Рубен, Горазд Цветковски кој имаше своја точка на песната „I will olwaus love you“ на Мараја Кери, ама во бугарската верзија, што предизвика бура од смеење меѓу присутните.
Што се однесува до Смиљана, велат никогаш не била поубава, а нејзиниот невестински фустан, од студиото на Кокев, веројатно го инспирира младоженецот, по неколку часа, откако атмосферата се вжешти, да направи стриптиз-шоу на „You can leave your hat on“.
Велат, за да ја доживееш златната свадба треба да имаш златен карактер, а младата двојка е подготвена за заедничко, златно патување. За почетокот го имаат најдоброто - љубовта, довербата и Малдиви.
Е таму ќе собираат спомени од медениот месец. (В.Т.)
Горазд Цветковски, Славиша Каевски
Дарко Митревски...
Весна Петрушевска
Александар Микиќ и Весна Станоевска
Кристина Арнаудова и Александар Петровски...
|