Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
25.09.2012, 18:32

Надал: Ќе се вратам кога целосно ќе закрепнам

По шпекулациите со различно ниво на оптимизам, Шпанецот јавно прозбори за својата здравствена состојба

Најголемото прашање во светскиот тенис се промени. Не е веќе кога и дали Енди Мареј ќе освои грен слем титула, туку кога и дали Надал ќе се врати на терените. По неколкуте информативни испади со различно ниво на оптимизам, Надал конечно се отвори пред јавноста, покажувајќи ја вистинската состојба на неговите здравје, ум и срце. Последната обнова на тема неговата рехабилитација велеше дека Шпанецот ќе отсуствува сигурно до ноември. Сега тој е помалку одреден во временски поглед, велејќи дека не му е важно кога ќе се рехабилитира, туку да заздрави целосно.

„Правам се' што ме советуваат лекарите и засега оди добро. Не ми е важно колку бргу ќе закрепнам, туку да закрепнам како што треба“, изјави 26-годишниот тенисер. „Секако, подобро е да биде што поскоро, меѓутоа важното е да си наполно сигурен во себе кога ќе се вратиш. Ќе почнам да играм кога нема повеќе да чувствувам болка во коленото, без разлика колку време ќе треба за тоа. Моментно не сакам да размислувам за иднината, во глава ми е само тоа да работам за комплетно заздравување“, продолжи Надал, одбегнувајќи да прецизира временска одредница. Меѓутоа, таквиот став го крева прашањето за неговата кариера воопшто затоа Шпанецот, сепак, изусти дека неговата желба е да ја почне 2013 во топ-форма.

„Се надевам дека ќе ме видите во Австралија. Тоа ми е главна цел, да се вратам пред Австралијан опен, во Катар, но не можам да кажам со сигурност дека ќе се случи“, призна Надал кој, според тоналитетот на неговите зборови, најверојатно, ќе го пропушти АТП-финалето во ноември, како и завршницата во Дејвис купот меѓу Шпанија и Чешка.

Неговата рехабилитација трае веќе речиси три месеци и се состои од строго утврден режим на активности, третмани и лекарски прегледи. Секое утро тој прави вежби за одржување и зацврстување на мускулната маса, плива најмалку километар. Не смее да прави напори кое не се однапред предвидени од лекарскиот тим и единствената „забавна“ активност која му е дозволена се аматерските голф-турнири низ Шпанија.

Освојувачот на 11 грен слем титули неколку пати во кариерата имаше паузи поради коленото, најдолго во 2009 година, два и пол месеци, но ова отсуство е со највисоко ниво на тревога. Дијагнозата овој пат е патела тендинитис, или воспалание на тетивите во десното колено. Последниот меч Надал го одигра на Вимблдон, кога во второто коло загуби од Лукаш Росол. Сега открива дека играл со болка и под инекции и дека ако го пропуштеше Вимблдон, најверојатно, ќе беше присутен на сите турнири што ги пропушти (ОИ, УС опен, Дејвис куп).

„Можеби беше грешка што играв на Вимблдон, но тешко е да запрете кога игратет добро. На Ролан Гарос морав да играм под дејство на антинфламаторни седативи за да стигнам до целта и затоа потоа се чувствував многу лошо“, открива Шпанецот. „Потоа имав катастрофални подготовки за Вимблдон, а првото коло го играв под инјекции. А тоа не е добро за коленото, особено не на долг рок“, објаснува Рафа. Тој не е првиот што игра тенис под седативи меѓутоа, еден од ретките што освоил титули на тој начин. „Проблемот кога играте под седативи е тоа што кога трчате, не чувствувате болка, но при секој чекор размислувате каде и како ќе згазнете. Не се игра така тенис“, сподели Надал.

Позанто е веќе колкава беше неговата болка додека следеше Олимпијада како гледач, меѓутоа неговите навивачи од ова интервју читаат дека Надал ќе се оспособи да игра и ќе продолжи да ја полни својата колекција. Со 11 титули од грен слемите тој е на делба на третото место на вечната листа, а со вкупно 50 титули од сите турнири, го држи деветтото место во историјата. Негов последен трофеј беше седмиот на Ролан Гарос овој јуни.


Статијата е прочитана 1181 пати.

Испрати коментар



Атлетико со пресврт до победа на гостувањето кај Бетис
Кавани ефикасен за убедлив триумф на Наполи
Прволигашите надмоќни во Купот
Реал Мадрид во „Адидас“ до 2020 година
Монпелје под истрага за лажирање
Сити и Евертон испаднаа од Лига-купот
Докузовски и Лукоил без пласман во Евролигата
ТВ-пренос од мечот Цибона - МЗТ Скопје
Македонија носител на Евробаскетот
Металург го доведе Вугринец
Попов го пропушта и Ливерпул
Волкот сака да биде напаѓач во Арсенал
Работнички нема да го ангажира Мејсон
Мекларен и Мерцедес во клинч за Хамилтон
Барса двојно побогата од Атлетико на Лазаров
Реал Мадрид пресилен за Рајо Ваљекано
Службени бодови за Рома од откажаниот натпревар со Каљари
„Фудбалски тероризам“ во Шпанија
Шумахер и Вебер на тапет по Сингапур
Отказ за Сетинов, Тодоровски нов тренер на Тетекс
Пелистер ја „реновира“ Ренова
Металург продолжува во КПК
Џон Тери ја напушти англиската репрезентација
„Црвеното дерби“ за Јунајтед
Фетел триумфираше во Сингапур
Убиен поранешниот светски шампион Сандерс
Мурињо најави враќање во Англија
Нетси ќе играат во новата „Барклис арена“
Реми за Вардар Про во Загреб
Металург убедлив против Борац во СЕХА лигата
Пол позиција за Хамилтон во Сингапур
Баерн Минхен се врати на чело на табелата во Бундес лигата
ЖРК Металург поразен од Бјосен
Ајнтрахт ја прод��лжи серијата победи во Бундес лигата
Монпеље спаси бод против Сент Етиен
Блок-билетите за Хрватска и Србија по 200 денари?
Металург по чудо во Норвешка
Јонуз ја „доби“ ФФМ во Лозана
Константин го сопна МЗТ Скопје
Скратена претсезоната во НХЛ
Ибраими стрелец против Панатинаикос
Татран бара службена победа над Металург и 15.000 евра
Јаневски ги подучува македонските тренери
Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Адамс го доби златото од Лондон
Венус ќе дебитира на Хопман куп
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Металург избрка пет фудбалери среде сезона
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Мацари - Пандев е идеален играч
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (10)
Србите се криви за се'. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Не можам да излезам накрај со главите
Сликарот Омер Калеши на своите 600-800 глави, кои му се творечка преокупација, не насликал ниту едно уво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |