Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
20.09.2012, 09:37

Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса



И покрај блесокот на Оскар и водството од 2:0, европскиот првак ремизира 2:2 на стартот на Лигата на шампионите, а двата гола на Аргентинецот донесоа победа над Спартак Москва од 3:2

Челзи го пронајде својот нов херој во Лигата на шампионите, Бразилецот Оскар, кој постигна два гола за бранителот на титулата во ремито 2:2 со Јувентус, а Барселона повторно се потпре на Лионел Меси во тешко извојуваната победа над Спартак Москва од 3:2. Баерн Минхен ги избрка демоните во својот прв европски настап по горчливиот пораз на пенали во мајското финале на ЛШ со Челзи, победувајќи ја Валенсија, а Манчестер јунајтед, кој има многу нешта да докажува по фијаското минатата сезона, исто така стартуваше со три бода.

Првиот настап на Оскар во шампионската лига по доаѓањето од Интернасионал долго ќе се памети откако тој му донесе на клубот од Лондон водство од 2:0, при што неговиот втор погодок ретко се гледа на фудбалските терени. Но, Јувентус ја уништи забавата, возврати со головите на Артуто Видал и на Фабио Квалјарела и освои бод во премиерниот меч од групата Е.

На Барселона, пак, и' се закануваше првиот пораз во последните 17 натпревари од ЛШ на „Камп ноу“ откако автоголот на Дани Алвеш и погодокот на Ромуло во 59. минута му донесоа предност на Спартак од 2:1. Сепак, Меси ги врати работите на своето место со својот 52. и 53. гол во ова натпреварување за стартна победа во групата Г.

„Работите се искомплицираа, но продолживме со притисокот и успеавме да направиме пресврт“, изјави Меси за Шпанската телевизија, симнувајќи го руменилото од лицето на тренерот Тито Виланова, кој првпат ја водеше екипата во ЛШ по трофејната ера на Пеп Гвардиола.



Манчестер јунајтед ја отвори групата Х со неуверлива победа од 1:0 против Галатасарај, при што осцилациите што го чинеа место во елиминациската фаза минатата сезона, повторно дојдоа до израз, но овој пат имаше среќа бидејќи гостите од Турција три пати ја погодуваа рамката на голот. Домаќинот не успеа да го зголеми раното водство преку Мајкл Керик, а нереализираниот пенал од Нани во 53. мин. уште повеќе ја зголеми нервозата. Нордин Амрабат и Хамит Алтинтоп по еднаш ја погодија стативата во првото полувреме, а Селџук Инан ја „почеша“ пречката во вториот дел.

„Трите поени на отворањето се многу важни, посебно ако се погледне што ни се случи минатата сезона“, изјави за Скај спортс менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, чиј тим тогаш ремизира дома со Базел и со Бенфика. „Бевме безгрижни во првото полувреме, кога, невообичаено за нас, игравме лекомислено со топката“, додаде Фергусон, кој ја прослави својата 100. победа во Лигата на шампионите.

Баерн забележа победа од 2:1 против гостите од Валенсија во групата Ф благодарение на голот на Бастијан Швајнштајгер, кој го промаши клучниот удар од белата точка во пенал-рулетот со Челзи во мај, а погоди и Тони Крос. „Малите“ БАТЕ Борисов и Клуж, пак, имаа охрабрувачки старт - првакот на Белорусија ја забележа својата прва победа воопшто во групната фаза, и тоа со 3:1 на гости кај Лил во групата Ф, а Романците импресионираа со триумфот од 2:0 на гостувањето кај португалскиот тим Брага со двата гола на Бастос во првиот дел.

Шкотски Селтик дома ремизира без голови со Бенфика во својот прв меч во групната фаза по 2008 година. Дански Нордсјеланд, пак, дебитира со пораз од 2:0 против украински Шахтјор Донецк.

Дидие Дрогба, чии голови конечно го прекинаа долгото чекање на Челзи за слава во Лигата на шампионите, повеќе не е во тимот, но „Стемфорд бриџ“ доби нов миленик во Оскар. Младиот Бразилец го совлада Џанлуиџи Буфон во 31. мин. и ако тогаш имаше среќа што ударот заврши во противничката мрежа, неговиот втор гол две минути подоцна беше волшепство. Остро свртувајќи се на работ на шеснаесетникот, тој упати неодбранлив шут во горниот агол на Буфон.

Но, и покрај брилијантниот прв настап на Оскар за Челзи по трансферот вреден 25 милиони фунти, Јувентус покажа карактер и со два погодока избегна пораз. Ударот по земја на Видал ја преполови негативата во 38. мин., а прецизното додавање од Клаудио Маркизио му овозможи на Квалјарела да ја пласира топката низ нозете на Петр Чех десет минути пред крајот.

„Ова е извонредно за Оскар. Го чекавме вистинскиот натпревар за да го ставиме во составот. Неговиот втор гол беше фантастичен“, изјави тренерот на „сините“ Роберто ди Матео. „Се чувствуваме по малку празно. Имавме предност, на крајот не победивме, но сега се вртиме кон следниот меч“.

И додека Оскар е последниот Јужноамериканец што блесна во Лигата на шампионите, Меси без сомнение е главниот. Без него на Барса можеше да и' се случи уште еден шок против тим од Русија на „Камп ноу“, бидејќи Спартак се закани да им го нанесе првиот домашен пораз во ЛШ по тој од Рубин Казан во 2009 година. Кристијан Телјо, кој го отвори резултатот, го проигра Меси за израмнување, а аргентинскиот маестро потоа со глава го претвори во погодок додавањето од Алексис Санчез, зголемувајќи го својот ефект во Барса на неверојатни 109 гола во 100 официјални натпревари.

БАТЕ БОРИСОВ УБЕДЛИВ ВО ЛИЛ

Група Е: Шахтјор - Нордсјеланд 2:0, Челзи - Јувентус 2:2.

Група Ф: Лил - БАТЕ Борисов 1:3, Баерн Минхен - Валенсија 2:1.

Група Г: Барселона - Спартак Москва 3:2, Селтик - Бенфика 0:0.

Група Х: Манчестер јунајтед - Галатасарај 1:0, Брага - Клуж 0:2.



Статијата е прочитана 769 пати.

Испрати коментар



Металург убедлив против Борац во СЕХА лигата
Пол позиција за Хамилтон во Сингапур
Баерн Минхен се врати на чело на табелата во Бундес лигата
ЖРК Металург поразен од Бјосен
Ајнтрахт ја продолжи серијата победи во Бундес лигата
Монпеље спаси бод против Сент Етиен
Блок-билетите за Хрватска и Србија по 200 денари?
Металург по чудо во Норвешка
Јонуз ја „доби“ ФФМ во Лозана
Константин го сопна МЗТ Скопје
Скратена претсезоната во НХЛ
Ибраими стрелец против Панатинаикос
Татран бара службена победа над Металург и 15.000 евра
Јаневски ги подучува македонските тренери
Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Адамс го доби златото од Лондон
Венус ќе дебитира на Хопман куп
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Металург избрка пет фудбалери среде сезона
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Мацари - Пандев е идеален играч
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се ��опадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |