Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.09.2012, 12:11

„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор

Во српскиот дневен весник во текст насловен „Посетете го македонскиот Свети Стефан“, Охрид е наречен „бисерот на Македонија и на Балканот“

Српскиот дневен весник „Блиц“ во денешното издание објавува текст во кој на своите читатели им го препорачува Охрид како посакувана туристичка дестинација, место за краток одмор или починка од секојдневните работни обврски.

Во текстот насловен „Посетете го македонскиот Свети Стефан“, Охрид е наречен „бисерот на Македонија и на Балканот“, град со историја, бројни манастири, колевка на православната духовност.

Според „Блиц’’, српските туристи се повеќе му се враќаат на Охрид како мошне популарна дестинација, а на оние што никогаш не биле тука им препорачува дека токму сега е вистинското време за посета. За оние што биле во Охрид, весникот пишува дека сега е идеално време повторно да отидат, да се потсетат на убавите мигови минати таму, да доживеат нови незаборавни сеќавања.

- Прекрасното езеро е погодно како за младите, кои таму ќе најдат бројни места за забава, така и за семејствата со деца кои во Охрид ќе најдат совршено место за одмор. Идеално е бидејќи за секого може да се најде по нешто, а никој нема незадоволен да се врати дома, објавува меѓу другото „Блиц“.

Преку весникот за ноември се нудат и двоедневни аранжмани за Охрид со вклучен автобуски превоз.

Неодамна за Охрид како атрактивна туристичка понуда пишуваше и српскиот весник „Политика“ преку своето издание за дијаспората „Европски новости“ што се печати во Франфурт. Во илустрираната репортажа на две страници беше нагласена охридската туристичка понуда, со богатото културно-историско наследство што го поседува Охрид, бројните културни збиднувања...

Едночасовна репортажа за убавините на Охрид пред неколку дена беше емитувана и на сателитската програма на Радио-телевизијата на Србија, во емисијата „Таблоид“, продукција на Телевизија Нови Сад.

Српските туристи години наназад се меѓу најбројните гости на Охридската ривиера, но и посакувани гости од охридските туристички работници, меѓу другото и поради тоа што важат за добри потрошувачи.


Статијата е прочитана 854 пати.

Испрати коментар



Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повр��ди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Македонските мировници не биле во опасност во Кабул
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



Дебелогазец Храбар, 21.09.2012 13:39:21
Нашите најдраги гости, знаат да го ценат нашиот квалитет и понуда. За разлика од македончето турист, со србите никогаш сме немале проблеми, напротив се им е супер и не им е „скупо“... Благодарност до српските медиуми за поддржк��та на Охрид ( за разлика од македонските, кои за да продадат плус аранжман У грчка- го црнат охрид небаре бејрут е ...)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |