20.09.2012, 11:12 Дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, најавува од денеска попладне Управата за хидрометеоролошки работи.
Во северните и источните подрачја ветерот повремено ќе биде силен и ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе продолжи да дува повремено силен и северозападен ветер, кој ќе придонесе за опаѓање на температурата.
Од УХРМ препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и осамени дрвја. |