20.09.2012, 15:25 Исчистени делови од коритото на Вардар
Екипи на Градот деновиве се впуштија во акција за чистење на коритото на реката Вардар и каналот „Козле“. Вработените во ЈП „Улици и патишта“ рачно и машински ја третираа десната страна на коритото на Вардар во должина од околу 3.000 метри, на потег од мостот „Тодор Александров“ (бивши мост „Близнак“) до мостот кај железничка станица. Косините на минор коритото се исчистени од трева, ниска вегетација и комунален смет на површина од 9.800 квадратни метри, при што се исчистени и околу 5.000 кубни метри наноси од земја и песок. Собраниот шут и исечената вегетација се транспортирани до локација за одлагање.
Механизација на ЈП „Дрисла“, пак, деновиве почна да ги чисти косините на минор коритото на левата страна Вардар, на истиот дел од железничката станица до мостот „Тодор Александров“. (Б.Ш.)
|