20.09.2012, 14:19 Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум во центарот на Скопје. Вчера околу 19.30 часот, додека стоел на терасата на Домот на АРМ, четириесет и тригодишниот М.Р. бил погоден од заскитан куршум во рамото.
Неговите колеги веднаш притрчале на ппмош. Потполковникот е пренесен во Градската болница во Скопје, каде лекарите утврдиле дека има нагмечување и модринка. За сега не се знае кој пукал, и како куршумот завршил кај Домот на АРМ во Скопје. Полицијата го истражува случајот. (Х.Р.)
|