20.09.2012, 16:29 Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
„Првиот контакт меѓу Нирнберг и Скопје се оствари во 1963 година кога група од стотина млади луѓе допатуваа овде, несебично им помогнаа на скопјани кои го преживеаја катастрофалниот земјотрес. Официјалното потпишување на договорот за збратимување на нашите градови се случи во 1982 година и од тогаш, па се' до денес сметам дека меѓусебната соработка е на високо ниво“, истакна заменик-градоначалникот на Нирнберг, Форст Хортер, на денешната средба со заменик-градоначалникот на Скопје, Борче Георгиевски.
Средбата со претставниците од северниот дел на Баварија значеше одбележување три децении од збратимувањето на двата града, па имаше можност да се разменат впечатоци од досегашната соработка на полето на образованието, спортот, културата, разни сегменти на општественото живеење. Во духот на јубилејот вчера во мултимедијалниот центар „Мала станица“ беше отворена и изложбата на ликовните уметници Симон Шемов од Македонија и Ханс Херпик од Нирнберг, Германија. (Б.Ш.)
|