Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.09.2012, 12:27

Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"

Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија и сака тие да бидат решени преку билатерален дијалог

Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство и сака тие да бидат решени преку билатерален дијалог, изјавил Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Стано за Бугарското национално радио ги коментирал односите Софија - Скопје, конкретно во врска со филмот „Трето полувреме", кој според бугарските политичари и историчари ги искривувал фактите од Втората светска војна и поттикнувал омраза кон Бугарија.

- Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која и да било од страните. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат. Во овој случај говориме за филм кој обработува настани од Втората светска војна и препорачливо е историчарите да водат дебати за него. Не е работа на Европската комисија да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии грешни. Ако филмот биде оценет од критиката, од експертите и од историчарите како проблематичен, ако создава проблеми меѓу Бугарија и Македонија, првото што треба да се направи е двете страни заедно да побараат решение, изјавил Стано.

Портпаролот на Филе, како што пренесуваат бугарските медиуми, рекол дека ако евентуална правна експертиза докажела дека филмот е проблематичен, засегнатата страна може да преземе соодветни правни мерки и тогаш Европската комисија би можела да ја преземе улогата на контролор на европските договори.


Статијата е прочитана 2373 пати.

Испрати коментар



„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата



XXL, 19.09.2012 13:56:56
Збогум, Европо , ќе ги оправим билатералните односи со Бугарите Грците, Србите и Албанците на кукуво лето
CIMKALO, 19.09.2012 14:30:45
Evropa da prestane so ucenite vo vid na dobrososedski odnosi grcija ili bugarija, bidejkji mnogu dobro znae deka ovie zemji i ne se sposobni da imaat dobrososedski odnosi so bilo kogo!
Petar, 19.09.2012 15:46:37
Filmot ne kazuva nisto drugo sto ne e veke poznato na sekade. Poglednete na Amerikanskiot Muzej na Holokoust i istoto go pisuva za Bugarite, samo sto nikade ne gledame Bugarija da ja tuzi Amerika... eve go linkot: www.ushmm.org/wlc/en/article.php?ModuleId=10005451
mene, 19.09.2012 16:28:32
..vaka: ne ni briga za bilateralnite problemi pomegu makedonija i sosedite...reshete si gi sami i posle vo unijata...ajde kako se reshavat problemite so grcija, bugarija, posle so srbija i albanija??? bilateralno?? tochno...zbogum evropo..
Nekoj, 19.09.2012 18:05:23
Se nadevam deka ke podnesat tuzba, stvarno iskreno se nadevam,a se nadevam i seuste deka Grcite ke podnesat nekakva tuzba, ic da ne e neka podnesat za Crno Seme.Ke go vidime ishodot od taa tuzba.Bidejki na Balkanot seuste ima predrasudi, ednas zasekogas tie tuzbi ke gi stavat vo red site.I grci i bugari i site.Pogolemi talibani i od talibancite se kako se zapalija.
Ѓоко, 19.09.2012 20:33:06
Абе Кипар најмногу ме интересира како го примија во ЕУ, СЕКОГАШ вие новинарите мора да ги прашувате тие од ЕУ, за ова? - Кај е азиска земја (погледнете ги списоците во атласите на земји по континенти), кај од 1974та година е во страшна војна со Турција и среде државата има сили на ОН до ден денес, кај има проблем со се`, сешто и секој а си стана членка преку ноќ, според кои критериуми? - Ако истите тие не важат и за нас ама ИЧ не ме интересира таква ЕУ и не мора НИКОГАШ да сме членка. Швајцарија не е членка ни на ОН па е најбогата. За тоа какво ќе си бидеме зависи од нас, а не од ЕУ.
VP, 19.09.2012 21:19:26
Доста бе луѓе. Трето полувреме е само еден филм. Во Бугарија никој не го гледал па да имаме мислење. Со оваа работа како и со секоја дру��а - клин клин избива... Зошто Софија да не направи фестивал на македонско кино? Да видат софиjaнци и Трето полувреме и други македонски филмови - да проценат - им се допаѓаат или не. Ако нешто не ви се допаѓа не го гледате и толку. Зошто на Бугарите да треба да им се бендисуваат македонски филмови - зошто, а пак на ��акедонците - бугарски? Чекајте - има Холивуд... И така. Нема потреба од политичари за таа работа. Заборавете за збогум Европо - нема такво нешто - ќе има здраво Европo - чаша ладна вода наместо жолта ке поправи сето тоа ...
Стефан, 19.09.2012 21:48:05
Petar во твојот линк не пишува ништо за македонските Евреи. Пишува само дека се спасени бугарските.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |