20.09.2012, 16:26 Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Европарламентарците се изјаснија за зајакнување на правата на лицата кои бараат азил во ЕУ по четиригодишните разговори со државите членки. Одлуката, која на 19 септември дојде во комисијата за граѓански слободи и која ќе стане ЕУ закон ако биде изгласана на пленарната седница во декември, се однесува на промена на таканаречениот Втор даблински договор.
Според сегашната верзија, ако азилант влезе во Европа преку Италија но оди за Холандија и поднесе барање за азил, холандските власти може да го испратат назад бидејќи Италија била земјата во која влегол. Италија потоа ќе треба да го процесуира неговото барање и да се погрижи за него.
Минатата година во ЕУ беа регистрирани 302.000 апликации за меѓународна заштита, зголемување од 16,2 отсто во споредба со 2010 година. На повеќе од 80.000 лица главно од Авганистан, Ирак и Сомалија им е дадена заштита.
|