Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.09.2012, 15:22
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“



Во Градскиот трговски центар во Скопје денеска се отвори новиот продажен салон на „Дуна“ за производите „Епл“. Новиот салон на „Дуна“ - „iStore“ е сместен во приземјето на ГТЦ, кое се смета за едно од најпопуларните места за купување во Скопје.

На отворањето на новата продавница присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Според него, во „Duna iStore“ се нудат производи од последниот збор на технологијата и новиот салон е потврда дека Македонија има развиено информатичко општество. „Побарувачката на граѓаните е еден од реперите коишто ’Епл‘ или која било друга компанија го имаат предвид пред да донесат одлука за дистрибуирање производи“, посочи Ивановски.

На денот на отворањето, „Дуна“ понуди 10 отсто попуст за сите производи што можат да се купат во продажниот салон. Воедно, „Дуна“ обезбеди 50 отсто попуст на првите 10 продадени „ајпад“ модели со 16 гигабајти флеш-меморија и безжична поврзливост.

На површина од 85 квадратни метри, посетителите имаат можност да погледнат и да тестираат голем број производи на „Епл“, вклучувајќи ги најновите модели на компјутерите „Мекинтош“ - „ајпод“, „ајпад“ и „ајфон“. Во богатата понуда на „iStore“ има и голем број додатоци, кои совршено им прилегаат на производите на „Епл“, како што се светски познатите брендови Belkin, Sennheiser, AKG, JBL, Harman Kardon и многу други. Обучениот персонал ќе им понуди на посетителите извонредно искуство, бесплатни совети за користење, демонстрација на производите и техничка поддршка.

По речиси 6 години откако прв пат го претстави „Епл“ во Македонија, Дуна повторно вложува во креирање уникатно доживување при посета на продажен салон за „Епл“. Новиот салон е целосно изработен по дизајн на „Епл“ и обезбедува потполно еднакво искуство како и секој „Епл“ Premium Reseller низ светот. „Дуна“ е единствен овластен увозник, дистрибутер и сервисен центар за „Епл“ за Македонија. (Н.Б.)




Статијата е прочитана 1616 пати.

Испрати коментар



„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



Реален, 20.09.2012 16:17:59
Не може салонот на Дуна да е потполно изработен според дизајнот на Епл, затоа што ова не е Епл Стор, туку продавница на овластен дилер. Како прво салонот на Дуна нема маси од јасеново дрво што чинат 10,000 Евра по парче. А за купување на производи на Епл во Дуна, прво нека ги намалат цените, па после нека се надеваат на добар промет. Секој кој е потенцијален купец на Епл, ионака често патува во странство и може да купи и таму, се разбира со повраток на данок.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |