20.09.2012, 15:39 Еврозоната во септември влегува во рецесија
Економските приходи во септември покажуваат дека еврозоната влегува во рецесија, објави денеска лондонската истражувачка група „Маркит“.
Податоците се земени врз основа на индексот на менаџерската доверба (ПМИ) во земјите-членки на еврозоната кој во август минатата година изнесувала 46,3 проценти, а во август годинава се намали на 45,9, што е најниско ниво во последните три години.
Аналитичарите очекуваа индексот на услугите и производството во еврозоната да се искачи на 46,6 поени откако Европската централна банка купи нови обврзници. Но, наместо тоа, ПМИ падна на ниво од јуни 2009 година.
|