21.09.2012, 10:23 „Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
„Парада на гордоста“ ќе се одржи во Белград на шести октомври, една година откако српските власти ја забранија геј парада поради безбедносни причини.
Горан Милетиќ, член на организацискиот комитет изјави дека се` е подготвено за парадата.
- Геј парадата што беше забранета минатата година, а во 2010 година прерасна во насилство, ќе биде тест за новата Влада, составена од претставници на националистичката Српска напредна партија и од Социјлистичката партија на Србија. Нема јасни гаранции дека властите повторно нема да го прекршат Уставот, забранувајќи парада, посочи Милетиќ.
Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ претходно изјави дека геј парадата не треба да се сфаќа како прашање за човековите права или да се претставува како виза за членството на Србија во Европската унија.
- Не станува збор за човековите права туку за безбедноста на луѓето. Има земји кои не организираат геј паради и кои се земји-членки на ЕУ, наведе Дачиќ. |